1. Независна Македонија
Вечерта на прославата на прогласувањето на независноста:
„Граѓани и граѓанки на Македонија дозволете вечерва на вас и на сите граѓани и граѓанки на Македонија, да ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија“.
Утрото на 8-ми септември 1991-та.
,,Воопшто не сум изморен. Се чувствувам среќен затоа што се случи и ова, ние, овие генерации да гласаме за суверена и независна Македонија,, - изјави Глигоров
Киро Глигоров, агитирајќи за референдумот за самостојност на Македонија 1991 година:
„Гласот за суверена и самостојна македонска држава е глас за Македонија, заеднички дом на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите и претставниците на другите народи што живеат во неа, заеднички дом израснат врз вековното искуство на национална и верска толеранција и почитување, но и за достигнување квалитет на највисоки стандарди во меѓунационалните односи, така како што извира од духот на Крушевскиот манифест“.
Evening of the celebration of independence:
"Citizens of Macedonia here tonight, let me congratulate you, and all citizens of Macedonia to a free, sovereign and independent Macedonia".
On the morning of 8 September 1991..
"I am not tired. I feel happy because this happened, we, our generations voted for a sovereign and independent Macedonia" - Gligorov
Kiro Gligorov, agitating for a referendum on the independence of Macedonia in 1991:
"The vote for a sovereign and independent Macedonian state is a vote for Macedonia, a common home to Macedonians, Albanians, Turks, Vlachs, Roma and representatives of other nationalities living in it, a home grown on centuries of experience of ethnic and religious tolerance and respect, but also a place for the achievement of the highest quality standards in inter-ethnical relations, as it originates from the spirit of the Krusevo manifesto [from the 1903 Ilinden uprising]. "
2. Оаза на мирот
Господинот Киро Глигоров често велеше дека Македонија ја издејствува својата независност без капка крв. Се негуваше фразата "оаза на мирот", што ќе рече еднакви права на сите граѓани и принципот на лојалност кон државата да биде подигнат на највисоко рамниште.
3. Спор на Векот
,,Неизбежно е во овој случај да се каже дека станува збор за спор на векот,, - изјави Глигоров неколку дена по потпишувањето на Привремената спогодба.
4. Историјата на страна
,,Да ја оставиме истпријата на страна. На Балканот премногу се живее од историјата, а премалку од она што ќе биде утре,, - изјави визионерски Глигоров во далечната 1993 година.
5. Во ОН, на 8 април 1993, при приемот на Македонија под референцата ФИРОМ:
„Со овој чин се круниса повеќевековното тежнение на македонскиот народ и неговата 130 годишна борба за слобода и за независна држава. Приемот на Република Македонија во меѓународното семејство на народите е чин со кој триумфира правдата и светол пример како еден мал и мирољубив народ по мирен и легитимен пат го оствари своето право на самоопределување и државност и својата одговорност во меѓународната заедница“.
6. Македонија и признавањето од Европската заедница
Писмена изјава испратена до лидерите на 12-те земји-членки на Европската Заедница (сегашна ЕУ) на 3 мај 1992 година, по состанокот во Гимараеш, кога нивните министри повторно го одложија признавањето на Македонија:
"Подготвеноста на ЕЗ да ја признае Македонија е нешто што само по себе се разбира и претставува обврска на Заедницата кон себе и начелата од кои се раководи. Нејзиното задоцнување го толкуваме како обид да ја увери Грција како своја членка во нужноста на ова признание и да и даде време да се подготви на еден таков чин, имајќи го предвид и консензусот како метод на одлучување, договорен во Мастрихт. Меѓутоа, условувањето на тоа признание со името на нашата држава што ќе биде прифатливо за сите страни е прво, без преседан, потоа води кон одложување на признавањето со сите неповолни последици и опасности на зовриениот простор на бивша Југославија и пошироко, а нашата Република и нашиот народ ги става во неизвесност и во положба што не може ниеден народ да си ја дозволи бидејќи ги доведува во прашање неговиот ИДЕНТИТЕТ и достоинство. Лицитација околу името на една држава, како услов за нејзино меѓународно признавање, е надвор од сите норми на меѓународното право и практика што досега важеле и важат за признавањето на независноста на една држава. Арбитрарноста и лицитирањето околу името значат преземање голема одговорност на дванаесеттемина. Една мала држава со мирољубив народ очекува ЕЗ да си остане верна на самата себе.
7. За атентатот врз него (1995) и разговорите со странски тајни служби во врска со тоа:
„До ден-денес ни еден од нив не ми пратил никаква информација, ни мене, ни на службите - верувам дека би ми кажале - и јас тоа го толкувам дека е од една друга причина: разузнавачките служби не сакаат да даваат информации за да не го откријат изворот“.
8. За настаните во Македонија во 2001 година:
„Ете сега настанаа некои тешкотии, се вели криза во Македонија, обид да се заземе еден дел од нашата територија. Нека се тоа неколку села, нека е тоа само обид да се дојде до Тетово, но од таму да се пука во срцето на градот и тие што го правеле тоа не знаат дали кога пукаат ќе погодат албанска или македонска куќа. Во секој случај, се случува нешто од што не може да се роди добро“.
9. Киро Глигоров во резиденцијата на рускиот амбасадор во Скопје, каде беше одликуван со медал "65 години од Победата во Големата Татковинска војна 1941-1945", што го доделува рускиот претседател Дмитриј Медведев.
"Многу благодарам за ова одликување. Сметам дека тоа не е за мене, туку за мојата земја, која меѓу првите се бореше кога го нападнаа Советскиот Сојуз ... Во тоа време јас бев илегално во Скопје. Преку мене, одеа врските со партизаните во Скопска Црна Гора. Кога ме посетуваа, доаѓаа вообичаено навечер за да не ги види никој и преспиваа кај мене. Наутро, мораа рано да стануваат за да не ги види некој како излегуваат од адвокатската канцеларија на Киро Глигоров. Таму запознав многу добри луѓе, кој беа Бугари, но ја гледаа сета неправда која се прави во однос на Македонија. Сите сакаат да ја приграбат Македонија. Е па не може. Ќе се бориме до последен човек, ама нема да можe" - Изјава на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, за време на доделувањето на медалот за заслуги во борбата против фашизмот од Руската Федерација.
Како Глигоров го доживуваа неговите современици?
„Глигоров беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на самостојноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-91 година, а неговото цврсто лидерство беше инспирација во годините кога земјата ги надмина огромните тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер што имаше визија за својата земја“ - Хилари Клинтон.
„Глигоров претставуваше глас на разумот не само во Македонија, туку и во целиот регион и тоа тогаш кога насекаде околу нас владееше националистичко лудило и се водеа крвави етнички војни“ - Бранко Црвенковски.
„Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на својата земја, а притоа да не подлегне на екстремниот национализам. Благодарение, во прв ред, на неговата мудра политика, Македонија успеа да тргне на патот кон независноста“ - Стипе Месиќ.
„Животот на Киро Глигоров беше историја на македонската држава. Глигоров ја имаше историската улога прв да застане на чело на независна и суверена Македонија во време кога државата беше негирана, блокирана и игнорирана“ - Ѓорге Иванов.
„Џентлменот од Балканот“ - Сајрус Венс и лорд Карингтон така го нарекува Киро Глигоров.
„Она што мораше да го импресионира секого кој одблиску го познаваше, секако е негова восхитувачка интелигенција, изразена, меѓу другото, и низ способноста и по бурните времиња и турбулентни ситуации непогрешливо да ги препознае позитивните тенденции“ - Љубомир Маџар.
„Сите го ценеа и сакаа. Со Киро Глигоров замина последниот Мохиканец на сите големи реформи“ - Драгомир Војниќ.
„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признати во неговата проблематична татковина. Но, тој постигна нешто што другите лидери на Балканот во 1990-те години не можеа или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војни“ - Кристофер Хил.

Comments
Post a Comment