Интересно решение на спорот Македонија-Грција

Пред некое време, во муабет со еден мој познаник од овде - Чех, падна муабет за проблемот што го има Македонија со Грција. И тогаш пријателот понуди фантастично решение на проблемот :) Отприлика вака идеше неговото резонирање:
“Македонија мора да биде дел од ЕУ - тоа ќе и донесе внатрешна стабилност, поголеми стапки на раст на економија, и подобар живот за сите. Но Грција ви стои на патот. Проблемот со Грција јас би го решил многу лесно - прифатете било кое име, не е важно - ете нека е Северна Македонија. Потоа влезете во НАТО и ЕУ, и станете дел од системот. 
А потоа организирајте референдум каде сите граѓани би се изјасниле за промена на името на државата назад во Република Македонија. Никој во ЕУ не може да се спротистави на волјата на народот, и ништо нема д аможат да преземат во врска со ова. И така сите земји од ЕУ одлучуваат за многу повашни работи во ЕУ на истиот начин. Плус зашто веќе сте влезени во ЕУ, автоматски сте заштитени и имате право на вето на дискутирањето за внатрешните прашања на една земја меѓу членките на ЕУ.“

Тогаш се насмеав на нереалната и премногу едноставна логика на гледање на проблемот. 
Но одкако размислив малку, си реков зошто да не, и така сите останати европски држави, а највеќе Грција играа прљави игри на многу полиња во блиското минато и сегашност...

Грчкото прашање и нашата националност

Јас сум Македонец, и никој друг не може да ми го спречи правото јас да бидам Македонец, ако јас го изберам тоа. Моето право на избор и промена на национална припадност (односно етничка) е гарантирано во Интернационалната Декларација за Човекови Права во ООН: Член 15 - (1) Everyone has the right to a nationality. (2) No one shall be arbitrarily deprived of his nationality nor denied the right to change his nationality.
Ако утре изберам да бидам Швајцарец и се запишам како таков кај Македонските институции, не може никој да ми каже дека не сум Швајцарец.

Прашањето за избор и промена на религијата е исто така гарантирано со Интернационалната Декларација за Човекови Права во ООН: Article 18 Everyone has the right to freedom of thought, conscience and religion; this right includes freedom to change his religion or belief, and freedom, either alone or in community with others and in public or private, to manifest his religion or belief in teaching, practice, worship and observance.

Чешкиот попис 2011 е интересен пример за националноста и религијата во модерен контекст:
Никој не може да им каже на 530.000 граѓани на Чешка што се прокламираат Моравци по националнот дека се всушност Чеси, ниту пак на 15.000 граѓани кои за религија ги избраа Витезите Џедаи (Knights of teh Jedi), дека всушност таква религија не постои. Пред само 10 години во Чешка имаше дупло помалку Моравци, а немаше Џедаи (повеќе интересни податоци од чешкиот попис овде).

Од тука сакам да извлечам два заклучока:
  1. Националноста, јазикот и религијата не може никој да ни ги смени, а сигурно не Грција. Овие работи се личен избор.
  2. И при хипотетичка ситуација каде Александар Македонски би бил Грк, Самоил би бил Бугарин и така натаму...., ние пак би биле Македонци кои зборуваат на Македонски јазик. Бидејќи сепак тоа е личен избор.

Така функционира модерниот свет, можеби е конечно време и ние да ги прифатиме овие принципи.

Comments