ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ НИТУ ГРК, НИТУ БУГАРИН – НЕОБЈАВЕНО ИНТЕРВЈУ НА НИКОЛА КАРЕВ ЗА ГРЧКИ АКРОПОЛИС

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ НИТУ ГРК, НИТУ БУГАРИН – НЕОБЈАВЕНО ИНТЕРВЈУ НА НИКОЛА КАРЕВ ЗА ГРЧКИ АКРОПОЛИС



Досега необјавено интервју со претседателот на Крушевската Република за грчкиот весник ,,Акрополис,, од 8 мај 1903. Во него Карев зборува дали е Македонец, Грк или Бугарин.

Интервујот го објави весникот ,,Македонско сонце,, а се тврди дека интервјуто постои во архивите на библиотеката Стар парламент и тоа под бројот 7608 на весникот Akropolis потписано од С.Т.Стам. ви го пренесуваме во целост.
Доколку ова интервју е вистинито од него убаво се гледа желбата и на Бугарија и на Грција отсекогаш да не присвојува за себе. Карев јасно вели во интервјуто дека сме Македонци. Не потклекна ниту на провокациите на новинарот кој цело интервју буквално го водеше за да го оцрни Карев и да ги престави Македонците како Грци – Карев не потклекнал на овие провокации и со умерени, умесни и јасни одговори му дал на новинарот до знаење дека Македонците ги интересира само слобода, а секој што сака да помогне е добродојден, но се што мое да добие од Македонија е само БЛАГОДАРАМ – нема да станеме ничија колонија – јасен Карев. Ова е интервјуто кое го објави весникот Македонско сонце.
ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ
С.Т.Стам
- Бугарија направила лоша сметка ако мисли на не потчини. Нас единствено не интересира нашата слобода.
- Комитетот не е бугарски. И Грција да сака да ни помогне ќе прифатевме со цело срце.
- Македонец ли си? Го прашувам.
- ДА
- и следователно Грк?
- за ова не знам, ми одговори, јас сум Македонец
- директен наследник на Александар Велики? Му велам иронично
- ДА
– и Aлександар Македонски што беше ве молам?
- не знам, историјта вели бил Грк
- тогаш и ти како негов наследник си Грк?
- не ми одговори
- значи тогаш ( го прашувам) зошто кога веќе си Грк сакате да се ослободите со помош на Бугарија?
- Која бугарија , мислиш на комитетот?
- да
- ти одговарам дека комитетот не е Бугарски и второ изгледа како да сме наклонети кон Бугарија зошто само таа покажа расположение да ни помогне. И Грција ако го правеше истото ќе прифатевме со цело наше срце.
- Бугарската заштита ја гледате само површински. Тие не сакаат да ве ослободат од турско ропство туку да ве поробат.
nikola karev33
– хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку нас не не интересира што мисли Бугарија, обрнуваме внимание само на следното ,, си ја постгнуваме ли целта , си ја добиваме ли слободата – не не интересира дали ќе не ослободи Грција или Бугарија и единствено што може некоја од нив да добие од нас е БЛАГОДАРНОСТ.
- Добро ако се ослободите, што сакате да бидете, автономија?
- да како што е во Швајцатија, три различни племиња живеат во крајна хармонија и љубов.
- да но знаете ли дека така вршите услуга на Панславистичката Етерија? Чиј огранок е комитетот?
- Каква услуга вршиме?
- Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја грчка земја побара да биде автономија тогаш ослабнува Грција, а тоа го сака Панславистичката Етерија.
- Зошто го бара?
- За еден ден да не пороби и нас и вас и да ни најде слаби точки за да го стори тоа полесно – му велам.
Карев за момент изгледаше замислен, а јас побрзав да го прекинам молчењето.
- Зошто не сакате да се обедините со Грција?
- Затоа што ако не земе Грција ќе стане една голема држава, следствено Монархија. Во ваков случај ќе произлезат многу зла. Второ грција ќе не натера да војуваме со Бугарија а ние не сакаме.
- Вие што сакате?
Ми ја покажува капата
- сакаме Република
- Демократија и пријателство со Бугарија ?
- Не само со Бугарија туку и со секој кои ќе ни помогне да се ослободиме.
- Со Бугарија сакате да се обедините?
- НЕ! НЕ !
- И ова го проповеда Комитетот?
- Да
- Тогаш зошто овој комитет кој толку многу се грижи за вашата независност не бара заштита од Грција која има повеќе должност да ве ослободи, туку се приклонувате кон Варварите?
- да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам овој човек за да се спаси ќе се фати ли за што ќе најде во тој момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабнеме со благодарност.
- Но грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога немате ништо против никој?
- Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и Турци и секого кој не предава.
- Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа што не даваа пари за овој ваш комитет.
- Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.
- Кои други?
- Ете тие во Солун, поставивте луѓе за да го направат тоа што го направија, за да го оцрните комитетот ( станува због за Солунските атентати)
Не можев да се воздржам страшно се насмеав што предизвика љубопитност кај сопственикот Таку Квата, кој ми се приближи и ме праша
Што ти вели – тоа и тоа му одговорив. Хммм Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше бугарин не ќе кажеше такви зборови, особено сега кога и зидовите имаат уши.
- ДА, ДА ОВА ШТО ВИ ГО ВЕЛАМ ЈАС, повтори Карев едно дрво кое ја проби земјата и израсна зошто да не го вадат сите за да порасне?
- да но знаете со што го вади Бугарија ( му велам) Со отров кон грцизмот
- да но ова полевање нас не натера да ги свртиме гранките кон страна, кон која признаваме не не поврзува ништо и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и историја. Ова е на некој начин протест против грчкото интересирање за нас.
- Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.
Карев пак не ми одговори
- и сега по последните настани што мислите да правите – го прашав ( се мисли на т.н Горноџуманско востание од есента 1902)
- ништо друго освен да ја продолжиме борбата
- да но знаете ли дека позади таа борба се крие борба подла и нечесна?
- тоа нас не не интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел
- значи и со убиства?
- штом се вршат за доброто на еден народ.
- имате право какви учители имавте такви лекции научивте.
Карев пак не ми одговри, стана и полека излезе од собата, зад него сите гости во хотелот на разни начини ги коментираа неговите зборови. С.Т.Стам
(Akropolis, br.7608, Biblioteka – Star Parlament)

Comments