Историско! Грчки парламентарци за договорт од Преспа


Грчкиот пратеник Никос Филис говори во грчкиот Парламент како Беломорска Македонија со сила стана грчка.
- -Македонија не е една и грчка. Има повеќе Македонии. Македонија на другиот која цврсто се определува во Букурештанскиот договор со нашиот-грчки потпис. Кога го слушаме извикот: „Македонија е една и грчка!“ се возприема како иредентизам, како непочитување на меѓународните договори на земјата. Може и да не звучи добро, но тоа е вистината. Грчката Македонија е грчка и да сум појасен СТАНА грчка. затоа што по население Македонија до 1912/1913 и 1921/1922 кога дојдоа бегалците (од Мала Азија) немаше грчко мнозинство, само одредени зони на југ. Значи стана грчка со размена на население преку тешките настани кои ги преживеавме и ние но и други народи во регионот. Ако тоа е така, согрчкиот потпис, а не со моето тврдење тука, кон што водат извиците: „Македонија е една и грчка!“? Со кого си играме мајтап? Со самите себе? , рече пратеникот Никос Филис.

Ципрас ги потсети комунистите за Мирка Гинова

Одговарајќи им на сите кои се противат зборот Македонија да биде во името на северниот сосед, Ципрас ги потсети грчките комунисти на „славомакедонскиот буквар и Славомакедонката Мирка Гинова“.
    
Griechenland Debatte im Parlament zu Nord Mazedonien (Reuters/A. Konstantinidis)
„Ова е ден кој ќе се памети во историјата како почеток на една нова ера за Балканот - модерен, европски, демократски, мирен“, порача доцна синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас во парламентот, во пресрет на денешниот - ден Д кога се очекува да заврши последно продолжение на пленарната седница и да се гласа за за ратификација на Договорот од Преспа. 
Бурна расправа синоќа ѝ претходеше на денешната седница. Ципрас во својот говор одговори на сите критики од неговиот политичкиот опонент - лидерот на Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, а направи и ретроспектива на сите отстапки што ги направиле истите политичари кои денес него го критикуваат за „национало предавство“. Според Ципрас „токму инерцијата и одложувањето кои станале доктрина за надворешната политика на Грција, завршувале со постојани дипломатски порази за грчката страна, и резултирале со фактот што повеќе од 130 земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина, соседната земја ја нарекуваат Македонија.
„Каде бевте во 2008-2009 година, кога беше договорено визна либерализација за пасоши на македонски граѓани во Шенген-зоната?“, ги праша Ципрас критичарите на Договорот.
Ципрас му одговори и на лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис за тврдењата дека дозволиле македонски јазик и македонска националност.
„Не сме дозволиле македонски јазик, бидејќи македонскиот јазик не е наш да го даваме. Аристотел го учел Александар Велики на грчки, не на македонски. Ниту македонската националност е наша да ја даваме. И самото користење на зборот „дозволуваме“ укажува на илузијата на величина што произлегува од вашиот национализам. Луѓето кои живеат во северна Грција се Грци. Но, ова веќе припаѓа во областа на психоанализата и јас секако немам да намера да бидам ваш психијатар“, кажа Ципрас во обраќањето до Мицотакис и кажа дека обвинувањата на грчкиот опозицискиот лидер се исти како оние на ВМРО-ДПМНЕ за Заев.
Griechenland Debatte im Parlament zu Nord Mazedonien (Reuters/A. Konstantinidis)
Грчкиот премиер доби голем аплауз во парламентот
Завршува последното лицемерие
Грчкиот премиер им се обрати и на пратениците од Комунистичката партија, спомнувајќи ја антифашистичката хероина Мирка Гинова, (родена во село Русилово, Воденско, и осудена на смрт со стрелање на 26 јули 1946 година во Ениџе-Вардар). Тој ја именуваше со македонското име, и со името (Ирини Гини) со кое ѝ се обраќале членовите на грчката Комунистичка партија.
„Не сакам да ја критикувам историјата на Комунистичката партија на Грција, онаа која се однесува на славомакедонскиот буквар кој ваши членови им го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на ДАГ. Ниту 70.000 цивилни бегалци кои грчката држава ги лиши од правото да се вратат во својата татковина во 1983 година. Ниту Славомакедонката Ирини Гини, Мирка Гинова, првата жена стрелана во граѓанска војна. Вие и вашите луѓе соочете се со тоа“, рече Ципрас.
Тој ги осуди и нападите против одредени грчки пратеници кои се залагаат за Договорот за Преспа.
„Сите овие денови сведоци сме на екстремни реторика во јавниот дискурс насочена кон конкретни лица, практика на тероризирање на парламентарци и подметнување пожари во куќите на некои од нив“, рече Ципрас, и посочи дека Мицотакис не нашол ниту еден збор за да ги осуди нападите врз оние кои имаат поинаков став за Договорот.
„Национализмот на Балканот доведе до болни авантури и време да излеземе од порочниот круг на национализмите. Последното лицемерие завршува. Пресушуваат резервите на омраза и поделба која ја сееја политички личности и лидери кои не ги почитуваат ниту историјата ниту иднина на двете земји. Од денеска почнува една нова ера за Балканот“, порача грчкиот премиер на крајот од говорот.
Повеќе: 
Претходно, за придобивките говореше и поранешниот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас.
„Постигнавме историски договор. Не сте во можност да направите таков договор, само сакате да го искористите за свои лични промоции“, му реплицираше тој на поранешниот премиер Андонис Самарас, кој рече дека Договорот од Преспа е еднаков на признавањето на иредентистичките амбиции на северниот сосед.
„Договорот ја нарушува нашата национална линија. Тој не ги решава проблемите, туку создава многу повеќе нови“, обвини Самарас.
Лидерот на Потами (Река), Ставрос Теодоракис, порача дека Грција треба да го одобри договорот за името со соседна земја, во спротивност ризикува да биде изолирана од своите западни партнери.
„Ако не го ратификуваме Договорот, земјата ќе биде изолирана на меѓународно ниво. Ќе се судриме со Европската унија. Ќе се судриме со НАТО. Ќе се судриме со САД“, предупреди Теодоракис.

Comments