Октомври 2009
Глигоров – Прото Тема во негов стил…повторно
Поранесниот Претседател на скопје, сега на 92 години, кој владееше со земјата по распадот на Југославија во 1991 година, сега вели деак е песимист за можното решение на прашањето на името И го отфрла тоа што многумина во неговата земја го прогласуваат за свое етничко потекло. Вели, полека ќе почнеме да зборуваме дека сме потомци на Адам и Ева.
- Претседателе, како гледате на изборната победа на ПАСОК во Грција? Верувате ли дека веќе се создаваат услови за решение на разликите за прашањето за името?
Јас идеолошки сум во истата опција. Затоа и ми е мило. За евентуалното решение, секако дека сум песимист, бидејќи сум информиран дека новата грчка Влада зборува за црвени линии од кои не може да се отстапи.
- Во 1993 година во Тирана рековте дека Вашиот народ е со словенско потекло, дека не е поврзан со Александар Велики и дека вие во овој регион сте дошле во 6 век од нашата ера.
И денес продолжувам да го верувам и да го тврдам истото.
- Од каде тогаш антигрчка клима и инсистирање за таа античка Македонија во изминатите години во Вашата земја. Сакаат да докажат некои стручњаци дека потекнувате директно од античките Македонци?
Сериозните историчари се смеат на она што се случува во мојата земја во изминатите години. Историјата е светско богатство, тоа јасно значи дека историското и културното богатство не смее да биде само грчко. Грците сметаат дека ние сакаме да земеме еден дел од нивното историско и културно наследство. Не велам дека овие грижи се неосновани бидејќи има претерувања и од наша страна. Има историчари во мојата земја кои велат дека ние на оваа територија сме биле 2000 години пред Александар Велики. За смеење. Му реков на еден мој пријател дека како што тргнало ќе докажеме дека сме директни потомци на Адам и Ева и ќе докажеме дека Рајот е наш, македонски.
- Што е со таа позната приказна за куферчето и за еден милион долари од 1993 година? Дали тогаш грчката Влада се обидела да ве поткупи?
Во тоа време бев информиран дека без да ми е познато, претставници на тајните служби на двете земји остваруваат тајни состаноци за размена на информации. Кога дознав, го повикав во мојот Кабинет министерот Фрчковски и му побарав објаснување. Тој ми рече дека тоа било нормална процедура меѓу тајните служби за собирање на информации. На тој разговор, бев информиран дека генералот Грилакис се наоѓа во Скопје, бидејќи претходно тајно заминал од Грција, за да не биде осуден за случај со прислушкување на телефоните на политичари во Грција.
- Дали знаевте дека Грилакис е советник на тогашниот премиер Константин Мицотакис?
Се разбира. … повторно го повикав министерот и со висок тон побарав грчкиот офицер да ја напушти земјата.
- Дали Грилакис на крајот го напушти Скопје?
Не само што не го напушти, туку почна да ми праќа и подароци.
- Како?
По некое време, јас мислев дека веќе ја напуштил земјата, кога во мојот кабинет дојде министерот Фрчковски со еден полицаец кој држеше пакет завиткан со машна. Претседателе, ова ви е подарок од Грилакис, бидејќи му ја спасивте главата ми рече Фрчковски и му нареди на полицаецот да го отвори подарокот. Таму имаше еден златен саат – ролекс. Јас му реков дека не сум спасил ничија глава, и уште му реков дека сакам да ја напушти земјата, а тој уште е во Скопје. Министерот и полицаецот го земаа ролексот и си заминаа.
- Дали имаше и други подароци од генерал Грилакис?
Министерот се врати кај мене во кабинетот по три недели, со полицаецот, кој носеше голем пакет. Го отворив и се изненадив. Таму видов една атничка амфора, бесценета по вредност. Ја уловиле на длабочина од 200 метри, рече министерот и додаде дека тоа е еден мал подарок од Грилакис за помошта што сте му ја дале. Јас му се развикав, се разбира, и му реков дека не може да ме поткупи мене, и дека активностите на тој грчки генерал се навреда за мене како личност. Министерот ја зема амфората и си отиде од Кабинетот, а по две недели повторно дојде.
- Нов подарок?
Имаше една актовка. Дојде, ја остави на бирото, ја отвори шифрата, актовката, и ми рече – дали во животот сте виделе толку пари на едно место Претседателе? Во актовката имаше еден милион долари во кеш. Со двете раце ја дигна актовката, ги фрли пари во воздух и праша – Зошто не ги прифаќате? Јас се зацрвенев од нервоза. Му реков, собери се и стани да си одиш. Претседателот не можеш да го поткупиш. Во овој момент го кршиш Уставот.
- На крајот, Претседателе, дали имате порака која сакате да ја упатите до Грција?
Јас верувам дека двете страни треба да направат отстапки и над нас да надвладее логиката, за да најдеме решение. Принудени сме да продолжиме заедно. Ние сме соседи, живееме едни покрај други. Ако може Ерменија и Турција да најдат решение иако имаат разлики кои се и поголеми и подлабоки од нашите, зошто ние да не се најдеме? Инсистирањето на само една позиција, од која страна и да доаѓа, не води никаде. Верувам во можноста за чесен компромис.
- Што мислите за тезата за Голема Македонија?
Тоа се глупости. Поголемиот дел од географска Македонија денес се наоѓа во Грција. Се разбира, никој не може да и го оспори правото на Грција на таа територија, и се разбира дека нејзиното право треба да се зачува. Но, треба да сфатите дека ние живееме во регион кој се нарекува Македонија и јас верувам дека И ние имаме право да се самонарекуваме Македонци, без тоа да создава проблеми.

Comments
Post a Comment