26.07.2018. Редакција на Нова Македонија - Фељтонот што го објавуваме содржи делови од книгата „Историските основи на Македонската академија на науките и уметностите“ од д-р Блаже Ристовски, издадена по повод 50 години од формирањето на МАНУ. Книгата, од околу 400 страници, опфаќа период од речиси сто и педесет години. Низ нејзините страници, со претставени архивски документи и научни сознанија, се согледува една јасна слика за појавата на македонството како национална идеја на македонскиот народ, за неговата етничка самобитност, за неговиот јазик, култура и традиции што го разликуваат од другите балкански народи.
Пишува д-р Блаже Ристовски
Македонија е земја со милениумско име и со богато историско наследство од јазици и култури од повеќе цивилизации и империи. До IV в.н.е. на овие простори во употреба се главно старогрчкиот и латинскиот јазик и писмо. Во V в. во Македонија се доселуваат голем број племиња на Словените/Склавините, а истовремено на просторот на денешна Бугарија етнокултурно блиските племиња на Антите, кои во VII в. се завладеани од малобројните азиски Протобугари и на територијата меѓу Дунав и Стара Планина создаваат воено силна и непријателска на Византија протобугарска паганска држава.
Словенските племиња во Македонија во границите на христијанизирана Византија создаваат полудржавни обединенија што во историјата се познати како македонски Склавини (Makedonan Sklauinas),кои постепено стануваат говорно мнозинско население во Солун и околината. Во 863 година св. Кирил и Методија, врз основа на говорот на македонските Словени за византиските црковно-политички потреби, преку Великоморавската мисија го создаваат четвртиот сакрален и државен писмен јазик во Европа. Преку мисијата со името на словенскиот јазик и писмо им го даваат и општото име на сите Словени. Пред 1.100 години, по смртта на архиепископот Методија (885) и распаѓањето на словенската мисија во Великоморавија, Охрид станува глаголички центар не само на македонската туку и на словенската писменост, уметност и духовна култура.
Македонија е земја со милениумско име и со богато историско наследство од јазици и култури од повеќе цивилизации и империи. До IV в.н.е. на овие простори во употреба се главно старогрчкиот и латинскиот јазик и писмо. Во V в. во Македонија се доселуваат голем број племиња на Словените/Склавините, а истовремено на просторот на денешна Бугарија етнокултурно блиските племиња на Антите, кои во VII в. се завладеани од малобројните азиски Протобугари и на територијата меѓу Дунав и Стара Планина создаваат воено силна и непријателска на Византија протобугарска паганска држава.
Словенските племиња во Македонија во границите на христијанизирана Византија создаваат полудржавни обединенија што во историјата се познати како македонски Склавини (Makedonan Sklauinas),кои постепено стануваат говорно мнозинско население во Солун и околината. Во 863 година св. Кирил и Методија, врз основа на говорот на македонските Словени за византиските црковно-политички потреби, преку Великоморавската мисија го создаваат четвртиот сакрален и државен писмен јазик во Европа. Преку мисијата со името на словенскиот јазик и писмо им го даваат и општото име на сите Словени. Пред 1.100 години, по смртта на архиепископот Методија (885) и распаѓањето на словенската мисија во Великоморавија, Охрид станува глаголички центар не само на македонската туку и на словенската писменост, уметност и духовна култура.
Кирилското писмо – државно писмо во Самуиловото Царство
По воведувањето на кирилското како државно писмо во Самуиловото Царство, периодот од XI до XIV век, кирилската писменост доживува сестран континуиран историски развиток. По османлиското завладување на Македонија настануваат нови историски околности што старословенската писменост во голема мера ја ограничуваат во црквите и манастирите на Охридската архиепископија.
Во Солун во XVI век се појавува зборникот на Дамаскин Студит, „Сокровиште“, на грчки народен јазик и истовремено е направен и првиот превод на овој зборник на македонски народен јазик и брзо се создава богата сакрална и профана дамаскинарска писменост култура што доминира до почетокот на XIX век.
Врз основа на долгиот преродбенски процес, во пазувите на македонската творечка интелигенција од XIX и особено во првата половина на XX век, се создава современата македонска држава и израснува Македонската академија на науките и уметностите, основана со Закон донесен на 22 февруари 1967 година од Собранието на Република Македонија.
Почетоци на преродбенските процеси
Преродбенскиот процес во Македонија започнува со културно-просветното и духовно-националното будење и се темели на сознанијата за потеклото, историското минато, јазикот и духовноста во пазувите на осумвековната Охридска архиепископија. И пред XVI век во европските карти ги цртаа етничките и географските граници на Македонија, а земските грбовници – со посебен хералдички оформен грб ја обележија и земјата Македонија. Во XVII век австрискиот цар Леополд на Карпошовите востаници и на народот во Македонија им се обраќа со македонското име. Со него тие и се повлекоа и го однесоа во Австрија. А кога во XVIII век истите тие бегалци се префрлија во Русија, во руските имигрантски списоци се регистрираа дека се „из македонскои нациеи“ и како такви се вклучија во посебниот Македонски полк, различен од другите балкански христијански имигрантски полкови во тогашна Украина. За тоа има пишувано А. Матковски (Македонскиот полк во Украина).
Во разгорот на Руско-турската војна во 1829 година, во слава на руските војски, Македонецот од Филипопол Трифон Неделјович Давидск испеа „македонска песна и во обраќањето до жителите македонски ’тој ги повика Македонците’ за верата Христова и за верноста на нашата татковина“, „да востанат сите Македонјанци“ за да се ослободи и „нашата праотеческа земја Македонија“, а не само Бугарија, „којашто се наоѓа од Дунав до Стара Планина.
Пред и по Берлинскиот конгрес
Во тоа време сите поважни автори имаат таква претстава за Бугарија и Македонија. Само недоволно информираниот Јуриј Венелин, кој со руските војски стигна само до Варна (1829), исцрта своја слика за Бугарија, но растегна опширни граници и за Македонија. Таа претстава ја потврдува и првиот претседател на современа Грција, Јоан Каподистрија, кој, како висок руски државник, во 1828 год., во планот за поделба на европска Турција предлага територијата на Бугарија да влезе во Србија, а Македонија, како одделна самостојна држава, да се формира на просторот од Стара Планина до Олимп. А тоа е токму територијата на „Словенското Кнежество“ што го управуваше кнезот Методија во IX век. Таа меморија се зачувала сè до Берлинскиот конгрес (1878), кога, покрај Кнежеството Бугарија, беше изделена и автономната Источна Румелија.
И американскиот протестантски мисионер во Смирна, Елијас Ригс, во 1844 год. во своите „Белешки за граматиката на бугарскиот јазик“ (на англиски јазик) пишува дека Бугарија е од Дунав до Стара Планина. И така беше cè до создавањето на Бугарската егзархија (1870) и до Берлинскиот конгрес (1878), кога не случајно беше изделена Источна Румелија надвор од бугарските граници, но под руско влијание е ставена под духовно-просветна јурисдикција на егзархијата, која воведува бугарски школски систем, со бугарски јазик и воспитание. И така, по Обединувањето (1885), се заокружува претставата за границите на Бугарија и за територијата на денешниот бугарски народ.
И американскиот протестантски мисионер во Смирна, Елијас Ригс, во 1844 год. во своите „Белешки за граматиката на бугарскиот јазик“ (на англиски јазик) пишува дека Бугарија е од Дунав до Стара Планина. И така беше cè до создавањето на Бугарската егзархија (1870) и до Берлинскиот конгрес (1878), кога не случајно беше изделена Источна Румелија надвор од бугарските граници, но под руско влијание е ставена под духовно-просветна јурисдикција на егзархијата, која воведува бугарски школски систем, со бугарски јазик и воспитание. И така, по Обединувањето (1885), се заокружува претставата за границите на Бугарија и за територијата на денешниот бугарски народ.
Меѓутоа, во 1844/45 година рускиот славист Викотор Григорович ги посети териториите на Бугарија и на Македонија и во публикацијата „Патување по европска Турција“ (1848) првпат научно ги проучи и ги издвои како посебни бугарското од македонското наречје и му порача на Д. Миладинов да му напише македонска граматика.
Кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски, во запис од 1846 година, со гордост изјавува: „Словенското писмо го научив од татко ми Димитрија Маќедонски, којшто така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци…“ И јерејот Димитрија од истиот крај во 1848 година запишал: „За моето назначување најмногу се заложи г. Михаил Маќедонски, зашто сум роден Маќедонец и службата си ја терам по словенски…“
Во 1858 год. Партенија Зографски, покрај учебниците „на македонско наречје“, направил подготовка и за граматика „на македонското наречје“ (Блаже Конески, Кон македонската преродба. Македонските учебници во 19 век).
Кривопаланечкиот учител Ѓорѓија Маќедонски, во запис од 1846 година, со гордост изјавува: „Словенското писмо го научив од татко ми Димитрија Маќедонски, којшто така се вика зашто сме Маќедонци, а не Грци…“ И јерејот Димитрија од истиот крај во 1848 година запишал: „За моето назначување најмногу се заложи г. Михаил Маќедонски, зашто сум роден Маќедонец и службата си ја терам по словенски…“
Во 1858 год. Партенија Зографски, покрај учебниците „на македонско наречје“, направил подготовка и за граматика „на македонското наречје“ (Блаже Конески, Кон македонската преродба. Македонските учебници во 19 век).
Во април 1860 година „Цариградскии вестник“ пишува дека печатарот Киријак Држилович во Солун набавил словенски букви „за да печати книги на македонски јазик за овдешните жители“, но наклеветен од Грците, Турците му ја затвориле печатницата (Блаже Конески, цит. дело). Во 1868 год., покрај неколкуте објавени учебници „на македонското наречје“, Кузман Шапкарев најави дека ќе напечати и една „Граматика с доса забележванија за македонското наречие и сравненија с Горно Блгарското“. И Ѓорѓи Динката во 1870 год имал подготвено граматика и работел во училиштето по неа.
Првите никулци и раѓање на македонството
На 23 јуни 1870 година, во моментот на конституирањето на Бугарската егзархија, во цариградскиот весник „Македонија“ еден Македонец во статијата „Еден глас за цела Македонија“ го постави прашањето: „…не е срамота да ни кажат… барем да не си ја бувтаме главата суетно, та после да си имаме поголеми главоболија, прашања македонски“.
Тогаш бугарскиот културно-национален деец Петко Славејков во весникот „Македонија“ (18 јануари 1871) во статијата под наслов „Македонското прашање“ првпат пред европската јавност призна: „Најпосле македонското прашање излезе најаве и се покажа во печатот… Ние го имаме слушано уште пред десетина години од некои од Македонија… Многупати сме слушале од македонистите дека тие не биле Бугари, ами Македонци, потомци на Старите Македонци…, зошто и денешните жители да не се од македонска крв? Тие се прави Македонци, чисти Словени…“ Славејков кажува дека Македонците ја посочуваат разликата помеѓу македонското и горнобугарското наречје, од кои првото било поблиску до словенскиот јазик, а второто било помешано со бугаризми и др.“ Затоа во Велес самите Македонци му подвикнале на Славејков: „Се откинавме од Грците, под други ли да паднеме?“
(продолжува)
На 18 септември 1872 година учителот Венијамин Мачуковски во огласот за подготвената граматика „на македонското наречје“ во весникот „Право“ објаснува: „Изучувањето на Бугарската граматика во македонските училишта е еден од најтешките предмети за учениците, заедно со тоа и набестолковен. Тој им одзема доста долго време, и тоа не пречи пак да немаат поим од граматиката.
Тоа произлегува од несообразноста во граматичките форми на досегашните издадени бугарски граматики со оние на македонското наречје. Тоа ми даде повод од време уште да обрнам внимание врз нашето наречје и да го подведам под граматички форми и правила. Го имам веќе наредено првиот дел за граматиката, и од успехот што го покажаа учениците во изучувањето на овој предмет по моите записки целосно се убедив во постигнувањето на мојата цел.
За да им дадам едно лесно раководство и на другите ученици по Македонија и да ги избавам своите од препишувањето, се решив да го напечатам овој мој трудец; но единствената стапка се средствата што ми пречат да го направам тоа. Поради тоа се обраќам со покорна молба кон г-да учителите по Македонија да се погрижат да ми соберат спомоштествованија, од кои исклучиво зависи издавањето на мојата книшка“. По жестоките реакции и закани од букурешката „Свобода“ на Љ. Каравелов и цариградските закани во „Право“ од П. Иванов, граматиката не била напечатена, но и авторот не се откажал од својата замисла. Учителот Мачуковски бил повикан (како предупредување) и лично кај бугарскиот егзарх Антим.
И Македонците се народ
Тоа е времето на силниот подем на вториот бран на антиегзархискиот отпор, кога унијатското движење ја исфрла пред јавноста и својата македонска национална програма, а самиот Венијамин беше еден од нејзините столбови. Војводата Ѓорѓија Пулевски, пак, во тријазичниот речник во 1875 година од Белград извика: „…и Македонците се народ и местово нивно е Македонија“ и: „Наше отечество се велит Македонија и није се именуваме С. (славјно) Македонци“.
Тоа е времето на силниот подем на вториот бран на антиегзархискиот отпор, кога унијатското движење ја исфрла пред јавноста и својата македонска национална програма, а самиот Венијамин беше еден од нејзините столбови. Војводата Ѓорѓија Пулевски, пак, во тријазичниот речник во 1875 година од Белград извика: „…и Македонците се народ и местово нивно е Македонија“ и: „Наше отечество се велит Македонија и није се именуваме С. (славјно) Македонци“.
Така, со македонското име и започна борбата за македонски јазик и македонска држава. Затоа во Разловечкото востание во 1876 година Димитрија Беровски на знамето напиша: „Македонија“ и под лавот од македонскиот земски грб повика: „Елате да ве ослободам“. Три години подоцна самиот тој Кресненското востание (дури и во печатот на Главниот штаб) го нарече македонско востание, а востаниците Македонска војска. Во „Правилата – Уставот на Македонскиот востанички комитет“ јасно се определува: „Нашата цел, на македонското востание, не е никаква тајна, таа е ослободувањето на Македонија… Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци“.
Затоа и востаничкиот војвода Ѓорѓија Пулевски под тоа име ја објавува поемата „Самовила Македонска“, насловот на неговата дводелна стихозбирка е „Македонска песнарка“, а во 1879 година пак потсети дека Македонската војска се бори за, „Кралевина Македонска“. Тука и народната традиција има своја улога. Во автобиографските записи од 1925 год. Н. Чупаров (најстариот брат на Д. Чуповски) цитира (од книгата на Ѓорѓија Пулевски) дека Мијаците „биле гвардејци на А. Македонски“, додека „Брзаците биле брзата армија на Александар Македонски“.
Оружена борба за слобода
Оружената борба за слобода уште во 1880 година ја продолжува Маке- донската лига, па во Гремен-Теќе се свикува „Народно собрание на Македо- нија“ што избира „Привремена влада на Македонија“ и се подготвува „Устав за идното државно уредување на Македонија“, заедно со „воена инструкција за устројството на Македонската војска во автономната држава Македонија“ и „Привремена воена инструкција за дејствувањето на Македонската војска“. Во тоа време војводите од Пирин Планина објавуваат „Привремена управа на Македонија“, а „манифестот на Главниот штаб на Македонската војска“ се обраќа до „Браќата Македонци“ со девизата: „Смрт или слобода! Да живее слободна Македонија!“ Во март 1881 година и „манифестот на Привремената влада на Македонија“ ги повикува Македонците за „единствена и обединета Македонија“.
Оружената борба за слобода уште во 1880 година ја продолжува Маке- донската лига, па во Гремен-Теќе се свикува „Народно собрание на Македо- нија“ што избира „Привремена влада на Македонија“ и се подготвува „Устав за идното државно уредување на Македонија“, заедно со „воена инструкција за устројството на Македонската војска во автономната држава Македонија“ и „Привремена воена инструкција за дејствувањето на Македонската војска“. Во тоа време војводите од Пирин Планина објавуваат „Привремена управа на Македонија“, а „манифестот на Главниот штаб на Македонската војска“ се обраќа до „Браќата Македонци“ со девизата: „Смрт или слобода! Да живее слободна Македонија!“ Во март 1881 година и „манифестот на Привремената влада на Македонија“ ги повикува Македонците за „единствена и обединета Македонија“.
Во тоа време и Марко Цепенков наведува дека само во западниот дел на Македонија дејствувале околу 80 војводи и комити, за кои народот пеел песни, ги величал нивните подвизи и ја славел борбата за слобода на Македонија. Во тој дух во 1881-1882 година се организирани и Охридскиот заговор со Брсјачкиот бунт.
На 5 јануари 1885 година крушевчанецот Марко Атанасов Мушевич-Македонец беше примен од рускиот цар и му предаде меморандум од името на македонскиот народ што веднаш беше и објавен во петербуршкиот весник „Свет“ под наслов „Жалната состојба на Македонија под турското ропство“. Во овој документ се вели: „Во западниот дел на Македонија, во Дебарскиот и Охридскиот округ, па и воопшто во целата Македонија, се прават сè поголеми и поголеми ѕверства од страна на Турците… Македонскиот народ, предизвикан од турските разбојнички банди, почна самиот да се брани… Ние, малите, несреќни, но силни духом Словени Македонци едногласно молиме да обрнете внимание на сегашните наши страдања што ги трпиме под турското ропство“.
Бурна расправија меѓу Србите и Бугарите
Сред македонската емиграција во Бугарија во 1980-тите години се форми- раат многу македонски друштва. Првото Македонско благотворно друштво во Софија е основано уште во 1881 година, а во Русе во 1884 е формирано друштвото „Александар Македонски“. Во Софија во 1885 година почнува да излегува и првиот весник „Македонскии глас“ што ги храбри Македонците за организирана борба за слобода. Тогаш беше формиран и Тајниот македонски комитет во Софија што во следната година се поврза и со Белград и во 1887 година направи обид во Цариград да издава весник на македонски јазик „Македонски лист“.
Сред македонската емиграција во Бугарија во 1980-тите години се форми- раат многу македонски друштва. Првото Македонско благотворно друштво во Софија е основано уште во 1881 година, а во Русе во 1884 е формирано друштвото „Александар Македонски“. Во Софија во 1885 година почнува да излегува и првиот весник „Македонскии глас“ што ги храбри Македонците за организирана борба за слобода. Тогаш беше формиран и Тајниот македонски комитет во Софија што во следната година се поврза и со Белград и во 1887 година направи обид во Цариград да издава весник на македонски јазик „Македонски лист“.
Истовремено во Габрово леринчанецот Спиро Гулапчев ја објави книгата „Еден оглед по етнографијата на Македонија“ и предлага кодификација на посебен македонски литературен јазик со посебен правопис. Гулапчев, имајќи ги предвид претензиите на соседите, повикува: „Македонија да составува одделно политичко цело на Балканскиот Полуостров“ и ја изрекува максимата: „Ако нема федерација, нема да има слободна Македонија“ и предлага: „Идната федерација на Балканскиот Полуостров треба да се состои отпрвин од овие политички целини или состави: 1. од Македонија 2. од Епиро-Албанија 3. од европска Турција, 4. од Црна Гора, 5. од Романија 6. од Србија, 7. од Бугарија и 8. од Грција и истовремено да се прогласи за неутрална балканска федерација“.
По повод излегувањето на Јастребовиот зборник со народни песни и обичаи во С. Петербург (1886) се разви бурна бугарско-српска расправија околу народноста, јазикот, фолклорот и историјата на Македонците. А во следната 1887 година рускиот славист Петар Драганов го донесе од Македонија во Петербург обемниот зборник со изворни материјали „Проучување на Македонија во етнографски, дијалектолошки, историски и археолошки
однос“ и го започна објавувањето на студијата: „Карактеристика на говорите на словенското население во современата Македонска провинција“, па подготви и серија статии „Општ етнографски преглед на Македонската провинција“. Во 1894 година излезе од печат и првиот том од неговиот „Македонско-словенски зборник“. Тој научно го претстави македонскиот јазик како посебен во словенскиот свет и укажа на степенот на развитокот на македонската национална свест.
Учители – агитатори
Во весникот „С.-Петербургски ведомости“ Петар Драганов ја објави и статијата „Кон прашањето за населението на современа Македонија“ Побуден од жолчната српско-бугарска етнографска расправија околу народноста и јазикот на Македонците и охрабрен од развитокот на македонската национална свест, тој се почувствува побуден (како славист и етнограф, како историчар и филолог, па и како Бугарин и бугарски службеник во Македонија) уште еднаш да им се придружи, како што вели самиот, „на научниците специјалисти што немаат никаква работа со политичките стремежи (таканаречените велики идеи) на бугарската, српската, грчката, албанската и романската народност“.
Во весникот „С.-Петербургски ведомости“ Петар Драганов ја објави и статијата „Кон прашањето за населението на современа Македонија“ Побуден од жолчната српско-бугарска етнографска расправија околу народноста и јазикот на Македонците и охрабрен од развитокот на македонската национална свест, тој се почувствува побуден (како славист и етнограф, како историчар и филолог, па и како Бугарин и бугарски службеник во Македонија) уште еднаш да им се придружи, како што вели самиот, „на научниците специјалисти што немаат никаква работа со политичките стремежи (таканаречените велики идеи) на бугарската, српската, грчката, албанската и романската народност“.
Разгледувајќи го „односот спрема месното словенско ’нарачје’ од страна на двата претендента на Македонија, односно бугарскиот и српскиот ’јазик’…“. Драганов, како личен сведок, прави уште една значајна констатација за дејноста на пропагандите во Македонија: „Речиси сите учители и учителки од средните, неретко дури и од вишите школски институции во Македонија, барем до 1887 година, се назначуваа, во функцијата на агитатори, бездруго отаде границата, имено од Кнежеството Бугарија или од Кралството Србија, како лица понадежни и попогодни за овие цели. А, пак, месниот, македонскословенскиот учителски елемент е допуштен во тамошните училишта не инаку, освен како агент на пропагандата или на таканаречената Бугарска егзархија… или, пак, од друштвото ’Св. Сава’ во Белград“.
(продолжува)
Петар Драганов сериозно го засегнува и прашањето за односот на Русија спрема македонското национално будење: „Друго е прашањето дали ние Русите треба да се радуваме или да жалиме во врска со тоа што во Македонија го издигна својот глас тамошното староседелско население, Словјанци, што инаку се наречува со старинското име Македонци (за разлика од класичните Македонјанци). Според нашето лично мислење, би било просто праведно да се поддржи барем морално ова многубројно племе што зборува на посебно словенско наречје и си има своја стара историја (од 6 до 15 век), не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Србите. Македонците се исто такви христијани, притоа православни, како што се и Србите со Бугарите“.
Македонија – искра за пожар на Балканот
„Овие Македонци (Словјанци), според општиот одзив на лицата што ги познаваат, во ништо не се полоши во умствен и во морален поглед од сите Срби и Бугари, во некои погледи тие се дури и повисоко од последниве. Поддршката, пак, од страна на Русија и, би рекол, од целата христијанска Европа, на христијанските и другите елементи во разнојазичната и разнобојна Македонија со Македонците што го заземаат првото место по бројноста (ги имаме предвид познатите параграфи од решенијата на Берлинскиот конгрес што им гарантираат автономија на Македонија и на целото нејзино население), би била не само акт на политичка правдивост туку и мудрост: Македонија на опашката на Бугарија и на Србија (како составен дел на последниве) секогаш ќе биде елемент за општ пожар на Балканскиот Полуостров, ако не и во цела Европа… За Русија и за Русите треба да бидат важни мислењата за Македонија не на оние Македонци што, откинувајќи се од својата сопствена народност, одамна наживо им се продале на Србите или на Бугарите…, ами само на оние Словеномакедонци што ги поставуваат интересите на својата навистина прогонувана народност највисоко од сè, зашто таа се прогонува не само од Турците (од една страна) и од Австро-Унгарија (од друга страна) туку главно од браќата Бугари и Срби.“
Карл Хрон: Македонците се посебна националност
Истовремено, во Виена австрискиот публицист Карл Хрон ги објавуваше полемичките истражувања за Македонија и Македонците во австрискиот печат, а потоа и во посебно издание, под наслов „Дас Волкстхум дер Славен Македониенс“ (Виен, 1890). Тој се уверил: „…како според нивната историја така и според нивниот јазик, Македонците не се ниту Срби, а уште помалку Бугари, туку се посебен народ… Според тоа, може да се потврди дека македонскиот јазик со своите сопствени закони за развитокот на гласовите, како и според неговите граматички правила, формира еден сопствен јазик… Колку повеќе ја гледам целината на досегашните заклучоци, сè поцврсто станувам уверен дека со напредувањето на истражувањата, посебната националност на Македонците ќе биде сè појасна и подокажлива. Всушност, политички македонското прашање е интересно, но сѐ уште не е толку актуелно: политичкото решавање ќе ѝ припадне на една подоцнежна генерација“.
Во тоа време во Софија стариот револуционер и книжевник Ѓорѓија М. Пулевски во 1888 година ја формира својата „Словенскомакедонска книжевна дружина“ што имала „цел – сведочи Димитрија Чуповски – да ја прероди народната македонска литература“, но наскоро „бугарската влада ја растури и мнозина нејзини членови ги истера од територијата на кнежеството. А во следната 1889 година Пулевски ги заврши и својата „Славјанскомаќедонска општа историја“ и ракописот на обемната „Јазичница“ – и двете на македонски јазик.
Во такви околности, охриѓанецот Коста Шахов од 21 октомври 1888 година (првин во Русе, а потоа во Софија) почнува да го издава и најзначајниот македонски весник „Македонија “. Во уводникот на првиот број, меѓу другото, пишува: „Денеска печатот е посилен од топот и со него си служат речиси сите народности во светот, освен нас…. Најпосле, ние Македонците, макар и да сме едни под двојно и тројно ропство, а други распрснати по разни земји, сепак не треба да си ја заборавиме татковината и должни сме да работиме за подобрување на нејзината положба, зашто како народ ќе бидеме одговорни пред нашето потомство…“.
Заложба за посебна државичка
Весникот најави дека „кај еден доста голем дел нашинци се зародила идејата да работат за ослободување на Македонија во самостојна државичка“ и дека „ние треба да ги претставиме нашите потреби и себеси и да се откажеме од секакво застапништво за нас од страна на нашите соседи и таканаречени браќа, кои речиси го прифатиле начелото: да нѐ разграбат и да нѐ разделат“.
На 19 август 1889 година во весникот „Македонија“, под псевдонимот Еден Македонец, излегува статијата „Мислење за решавање на македонското прашање“, во која меѓу другото пишува: „Се гледа дека сите се плашат од една самостојна борба кај Македонците и никоја соседна држава досега не дава да се развие таква… И македонската емиграција, барем за време, треба да ја напушти досегашната своја политика; таа треба да се постави во борбата врз чисто македонска почва… Ние не можеме успешно да го бараме својот спас ниту како Грци, ниту како Срби, ниту како Бугари, туку како Македонци, на кое веруваме сите ќе погледнат со добро око.“ На 23 февруари 1891 година весникот ја објавува уводната статија на Јуношескиј, под наслов „Интелигенцијо, црно да ти е лицето!“.
Авторот станува против егзархот и самата Бугарска егзархија и повикува за револуционерна борба: „…време е веќе македонската интелигенција сама да преземе иницијатива за решавање на своето прашање: минатото да ѝ послужи како лекција; да не остава македонското прашање да го експлоатираат и да го монополизираат други; да покаже пред целиот образован свет дека Македонија има своја интелигенција што е во состојба да ги жртвува не само личните интереси туку и самиот свој живот за постигнување на идејата и со тоа да покаже дека и македонскиот народ… е достоен за политичка слобода и култура, поставувајќи го принципот: Политичкото македонско прашање врз македонска почва, а средствата: слобода или смрт.“
Тогаш во Софија беа основани и Македонското читалиште и Заемо-спестовната каса на Македонците, а во хотелот „Конкордија“ се собираат млади македонски интелектуалци и зборуваат за Александар Македонски и за востание во Македонија.
Македонското прашање на меѓународна сцена
Европскиот печат постојано ја нагласуваше актуелноста на македонското прашање. Авторитетното во тоа време Санктпетербуршко словенско благотворно друштво, како прилог кон својот календар за 1890 година, ја објави „Етнографската карта на словенските народности“, во која првпат и Македонија доби посебна национална боја. Тоа претставуваше прво меѓународно признание на македонскиот национален идентитет на словенско ниво.
Така се создаде македонското прашање, кое почна како јазично и црковно во европска Турција, се манифестира како културно-просветно, прерасна во националноослободително и заврши како револуционерно-политичко. Јавната внатрешна промоција ја направија учебникарите со учебниците „на македонското наречје“ и Унијатското движење како масовна манифестација со учество и на надворешниот фактор, а по ферманот за основањето на Бугарската егзархија (1870) тоа стана и меѓунационално (1858-1875). Дури по Руско-турската војна и прелиминарниот Санстефански договор, на Берлинскиот конгрес во 1878 година првпат официјално македонското прашање излезе како проблем и на меѓународната сцена, но со премолчано именување.
(продолжува)
Во првата половина на 19 век, заедно со настојувањата на Македонците за свои цркви и за обновување на Охридската архиепископија, дојде до израз и стремежот да се користи мајчиниот јазик во печатената реч, иако сѐ уште со употреба на црковнословенското писмо. Така и првите наши книжевни дејци ја продолжија традицијата да ги пишуваат и да ги печатат своите книги со употреба на народниот јазик, но со црковнословенски шрифт. Тоа беше резултат и од образовниот процес што сѐ уште се развиваше околу црквите и манастирите и ги задоволуваше и нивните потреби. Такви беа и нашите најзначајни литературни творци од тој приод (1814-1840) Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. Но и првиот печатен текст на македонски народен јазик е објавен со грчкото писмо во „Четиријазичниот речник“ (1802) на Даниил Москополски.
Појава на книги, речници, печатници
И првата македонска печатница во Солун на архимандритот Теодосија Синаитски и на ваташкиот печатар Даскал Камче ги објавуваа своите изданија на македонски со црковнословенска/рускословенска графија. Но и во солунската грчка печатница на Киријак Држилович не се печатеа само текстови на грчки. А од солунската печатница на Васил Икономов излегуваа публикации само со граѓански слог.
Голем број македонски книги беа објавувани во странство. Таков беше и зборникот „Блгарски народни песни“ (1861) од Д. и од К. Миладинови во Загреб, со сите приспособувања на азбуката и правописот според македонскиот народен говор. И воопшто, така се печатеа и зборниците и записите со народно творештво на Стефан Верковиќ (1860), Марко Цепенков (1888), Кузман Шапкарев (1891-1894), Васил Икономов (1893 и 1895), Наум Тахов (1895) и други.
Голем број македонски книги беа објавувани во странство. Таков беше и зборникот „Блгарски народни песни“ (1861) од Д. и од К. Миладинови во Загреб, со сите приспособувања на азбуката и правописот според македонскиот народен говор. И воопшто, така се печатеа и зборниците и записите со народно творештво на Стефан Верковиќ (1860), Марко Цепенков (1888), Кузман Шапкарев (1891-1894), Васил Икономов (1893 и 1895), Наум Тахов (1895) и други.
Во овој период особен е придонесот на македонските книжевници со личното уметничко творештво, кое ги градеше формата и стилот на македонската поетска реч (Константин Миладинов, Јордан Константинов-Џинот, Константин Петкович, Рајко Жинзифов, Григор Прличев и др.). Притоа треба да се додадат и преводите од и на македонски јазик што суштествено го афирмираа македонскиот литературен збор.
Особено по 30-тите и посебно по 50-тите години на 19 век се разви македонското градителство на цркви и манастири, а со тоа стапија на сцената и тајфите на познатите македонски зографи и иконописци, црковни и световни композитори и музичари, но се разгранија и публицистиката и новинарството што успешно го поттикнаа општиот преродбенски процес. Оваа значајна етапа од овој развиток ја исполнува последната четвртина на 19 век, кога младата македонска интелигенција и јавно ја манифестира националната свест преку организирање свои друштва и ја користи печатената реч во борбата за афирмација на македонскиот јазик во образованието, во литературата, во науката и во публицистиката.
Особено по 30-тите и посебно по 50-тите години на 19 век се разви македонското градителство на цркви и манастири, а со тоа стапија на сцената и тајфите на познатите македонски зографи и иконописци, црковни и световни композитори и музичари, но се разгранија и публицистиката и новинарството што успешно го поттикнаа општиот преродбенски процес. Оваа значајна етапа од овој развиток ја исполнува последната четвртина на 19 век, кога младата македонска интелигенција и јавно ја манифестира националната свест преку организирање свои друштва и ја користи печатената реч во борбата за афирмација на македонскиот јазик во образованието, во литературата, во науката и во публицистиката.
Во тоа време беа објавени и пообемни македонски литературни творби напишани во духот на народната поезија – претставени како епски народни умотворби, како што беа спевовите, на пр., на Ефтим Спространов „Оплакувањето на Мара“ (1894), на Трајко Китанчев „Марко Крале си ја губи силата“ или, пак, „Редењето на дедо Марко Цепенков“ (1896) и други. А во поглед на прозниот израз, тласок дадоа не само објавените прозни текстови на Спространов и Шахов, туку особено Цепенковите драмски и други записи и разновидни описи на македонски јазик што не беа веќе фолклорен израз, туку претенциозен литературен стандард.
Стојан Новаковиќ и македонизмот
Во ерата на пропагандите на Грците и на Бугарите, поради послабата по- зиција во Македонија, српската влада испрати еминентни емисари со спе- цијални задачи во оваа турска провинција за на самото место да се запознаат со состојбите на јазикот и вистинските чувства и стремежи на народот. По враќањето познатиот универзитетски професор, академик, политичар и ди- пломат Стојан Новаковиќ во в. „Отаџбина“ (1888) проговори: „…постои уште една појава што не може да се испушти од предвид. Тоа е стремежот на македонскиот народ да остане сам за себе, кој бара пат по средината на сите гореспоменати стремежи. И оваа тенденција почна да се буди особено од спротивностите помеѓу бугарскиот и македонскиот говор и помеѓу бугарскиот и македонскиот карактер, од времето кога бугарската пропаганда почна со голем притисок и острина да удира врз македонските особености, во името на панбугаризмот. Дури меѓу платените професори на бугарските средни училишта во Македонија се наоѓаат луѓе во кои се будат овие стремежи токму онака како што се гледа меѓу Малорусите против рускиот униформитет“.
Во 1888 г. како амбасадор во Цариград, Новаковиќ на министерот Ѓорѓевиќ му предлага еден веќе испробан начин од бугарските цариградски дејци (1869) за влегување во Македонија преку користење на македонскиот јазик: „Што повеќе мислам на начините на кои би можело да се поткопаат и да се разурнат резултатите на Егзархијата и на бугарската пропаганда во Македонија… сè повеќе ми се чини дека тоа најлесно може да се постигне со негување на македонизмот, т.е. одделување на македонската идеја и на македонската словенска народност од србизмот и од бугаризмот….
Тој сојузник јас го гледам во македонизмот, или во извесно, со мудри граници обележено, негување на македонскиот дијалект и на македонската посебност“. Тој дури предложи: „Кога би можел да се најде некој убаво да го преведе Новиот завет на македонски, особено на западниот македонски дијалект (велешко-прилепскиот), се надевам дека Библиското друштво што го издава Светото писмо не би се откажало да го напечати и да го растура како свое издание… Но можете ли таму да најдете некој што би можел Новиот завет убаво и достојно да го облече во тој дијалект, пишуван со српскиот правопис?…“ Предлогот на Новаковиќ за „македонските учебници“ беше прифатен, но излезе неуспешен, а предлогот за превод на Новиот завет беше оценет како премногу ризичен за српската пропаганда. Сепак, во тој историски момент сето тоа сигурно придонесе за поорганизирано национално будење на Македонците и за конципирање на стратегиските цели на националната програма.
Клучно беше прашањето за верата и за црквата во шеријатска Турција. Затоа во ракописот на брошурата (на македонски јазик) „Кој је крив“ (1889) охриѓанецот Темко Попов ги повикува Македонците: „…као синој од една иста таткојна“, „да се споразумејеме со Патријаршијата… и да бараме Охридската архиепископија… да има узаконено право таа да си избира кандидати за митрополити измегју својте сограгјани и еднородници, а Патријархот само да ји ракоположује и да је нивни врховен началник без да има власт да ји променује или сосема да ји отврлја без саканје на народот“. И така „није можиме: прво, да имаме за брзо време наши народни владици и уредни училишта, без да имаме потреба од тугји милости…“.
Писмото од Гологанов до римскиот папа
Истовремено беше обновено движењето на протестантите и особено на унијатите. Третото унијатско движење во Македонија го поведе скопскиот егзархиски митрополит Теодосија Гологанов. Тоа се совпадна со Лозарството и ја опфати цела Македонија, па доведе до демонстративно отцепување не само на Скопската епархија од Бугарската егзархија, туку и од Патријаршијата. Во 1891 г. Гологанов му пишува на папата Лав Тринаесетти: „Јас, долупотпишаниот митрополит скопски Теодосија, по Милоста Божја киријарх на Скопската епархија, ја поднесувам оваа своја молба од свое име и од името на целата православна паства од Македонија, со која ја молиме Неговата Светост да нѐ прими во крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ни ја обнови стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа Трети во 1767 година, и ќе ја постави во канонско единство со Римокатоличката црква. Нашата желба произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓинските цркви, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, да се обедини во своја единствена православна црква и да ги добие сите белези на народ што има право на самостоен духовен и културно-просветен живот“.
Преку поткупи и со помош од турските власти, Егзархијата успеа да го одведе Теодосија во Цариград и да го испрати на заточение. Но националното раздвижување ги зафати сите краишта на Македонија, како и во емиграцијата. На 20 август 1892 г. битолскиот српски конзул Боди го известува министерот Ѓорѓевиќ дека „во последно време во градот Костур се појави некакво интелектуално движење кај месните учители, со кое се инсистира да се отфрлат грчката и бугарската пропаганда, а во училиштата да се воведе македонскиот дијалект како наставен јазик“. На 1 септември 1892 година конзулот бил веќе информиран: „Комисијата за создавање на литературниот македонски јазик, на кој би се предавало во градското училиште во Костур, веќе располагала отпорано со доста обемен материјал за создавање македонска граматика и македонски речник. Меѓутоа, уште на првото заседание се нашла пред големи тешкотии околу пополнувањето на народниот јазик со зборови што ги нема во него…“
Бугарската егзархија и овој пат, со уцени и закани, успеа да се наложи…
Бугарската егзархија и овој пат, со уцени и закани, успеа да се наложи…
(продолжува)
Периодот од формирањето на Младата македонска книжовна дружина во Софија до основањето на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург претставува најзначајна епоха за изградбата на националната програма што отвори правци на нов развој на македонската културно-национална мисла. Основните контури на националната програма ги обележи Ѓорѓија М. Пулевски, во својот втор белградски тријазичен речник (1875), каде што објави дека Македонците се посебен словенски народ, кој живее во својата татковина што се вика Македонија, дека македонскиот е посебен јужнословенски јазик што ги води корените од светите Кирил и Методија, а литературна форма на своите идеи им даде во поемата „Самовила Македонска“ (1878) и во дводелната „Македонска песнарка“ (1879), објавени во Софија, додека првиот дел од граматичкиот прирачник за основното училиште го отпечати како „Слогница речовска“ (1880). И завршувајќи ја работата врз обемната „Јазичница“, Пулевски го заокружи и монументалниот истражувачки ракопис „Славјанскомаќедонска општа историја“ (1892).
Полемики меѓу славистите
Во тој период се појавија и мноштво слависти во странство што авторитетно ја заложија својата научна мисла за продор во суштинското прашање за етнитетот, националната свест, историјата, јазикот, фолклорот и културата на Македонците, кои, пак, и самите сè повеќе се пројавуваа со манифестации на својот индивидуалитет. Тогаш се појави и новата Етнографска карта на словенските народности (1890), со Македонците како субјект во словенскиот свет. Некои слависти и публицисти (П. Драганов, К. Хрон, В. Качановски, А. Ритих, Ј. Бодуен де Куртене, А. Пипин, В. Ламански, В. Јагиќ, Л. Мазинг, Р. А. Рајс, А. Меје, А. Мазон и др.) во своите истражувања пласираа и нови аргументи и согледби пред европската јавност. Особен ефект имаше теренското двегодишно истражување во Македонија на бесарапскиот Бугарин и виден руски славист Петар Драганов и неговата појава во печатот, особено по објавувањето на првиот том (од најавените три) „Македонско-славјански зборник со проложен словар“ (1894). Тоа доведе до уште побурни полемики околу националноста, јазикот, фолклорот, историјата и културата на Македонците.
Во таква општа атмосфера македонските студенти-бегалци од Солун и Белград во Софија во 1890/1891 година ја основаа Младата македонска книжовна дружина. Главни протагонисти беа бегалците од Белград Д. Груев, П. Попарсов, Г Баласчев, Д. Мирчев, Н. Наумов, Х. Поп-Коцев, заедно со К. Шахов, К. Караѓулев, Х. Матов, Е. Спространов, Н. Дејков, И. Хаџиниколов и др. Нивни сомисленици и блиски беа и софиските ученици К. Мисирков и Д. Чуповски.
Во почетокот на 1892 година Дружината го објави првиот број на својот орган „Лоза“, по што и целото движење го доби името. Јазикот на првите четири броја на „Лоза“ содржи многу македонизми во лексиката, фонетиката, па и во морфологијата. Фонетскиот правопис со редуцираната азбука уште повеќе и формално го изделуваше македонскиот говор од бугарскиот литературен стандард. Беа употребени и посебни графеми за карактеристичните македонски меки консонанти. Тоа подејствува шокантно во бугарската јавност и Владата ги употреби сите средства за да се задуши тој „национален сепаратизам“.
Создавање македонски литературен јазик
Според Уставот на дружината, објавен во првиот број на „Лоза“, таа ги имала следниве цели: а) да издава едно списание, чие име, програма и правец ќе се определат со одлука на дружината; б) да постави основа на едно читалиште во престолнината и кога средствата ќе ѝ дозволат да го уреди; в) кога дружината ќе располага со достатно средства, да прави и други благодејанија во согласност со нејзината цел, како на пр. да поддржува ученици и сл.“.
Но уште по првиот број на „Лоза“, на 18 февруари 1892 година официозот „Свобода“ предупреди: „Луѓето овде имаат други цели – да создадат нов литературен македонски јазик… Следствено, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе литературен сепаратизам, кој природно го влече по себе и политичкиот.
… Впрочем, не првпат меѓу Македонците се појавуваат ваков род политички и литературни флугери. Ако помнењето не нѐ изневерило, г. К. Шапкаров едно време, уште на самиот почеток на преродбата на националната идеја кај Македонците, беше почнал да пишува книшки на македонското наречје…. Неодамна, пред 6-7 години, друг еден познат по политичките серсемлаци Македонец, прочуениот Гулапчев, и тој беше започнал да го проповеда сепаратизмот меѓу Македонците, и тој излезе со едно книжуле напишано на македонското наречје… Ами за овие пријатели од Младата македонска книжовна дружина, за нив што да мислиме?… Во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија, излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!“
„Опасниот македонски сепаратизам“
Д.Т. Левов уште појасно го потенцира македонскиот „национален сепаратизам“ на дружината: „Русите пишуваат на московското наречје, исто така недостапно за другите неписмени Руси и уште повеќе за Белорусите и Малорусите… Од статијата ’Неколко бележки’, стр. 5, се гледа дека таа се вбројува, кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој словенски елемент е Македонци, дека Македонија е нивната татковина, дека таа е одделно словенско господарство, чие минато е покриено со блесок и особено во времето на Филипа и Александра Велики, но при нивните наследници опаднало… ’Младата дружина’ под превезот на книжевноста не ја има целта за реализација и пропаганда на некаков фантастичен фонетски правопис, туку тенденции и цели, колку куриозни и жални, толку вознемирувачки, срамни и опасни. Целта… се гледа од предговорот на ’Лоза‘…“
Како што гледате, пишува „Свобода“, „’Македонската дружина‘ смета дека нивната татковина е Македонија; дека последнава е населена со посебно словенско племе наречено Македонци; дека таму се собрале севозможни надворешни елементи, т.е. Бугари, Грци, Срби и др. одушевени од своите планови и интереси; дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите грабежнички посегнувања и дека на крајот ,Лоза‘ ќе ѝ служи на истата цел!!… За таа цел… лека-полека ќе ја подготвуваат бугарската јавност за одделување на Македонија од Бугарија и лека-полека ќе воведуваат зборови од охридското поднаречје што ќе биде литературен јазик на идната Велика Македонија, на чело на која ќе дојде некој од редакторите на ,Лоза‘ во својство на Филипа или Александра!?!“. „Мислата – додава авторот – дека во Македонија постои посебно словенско племе наречено ’македонско‘ првпат се породи во Русија во 1887 г. во сферата на реакционерниот печат. Уште во 1886 г. Ив. С. Аксаков лично ни се обрна кон нас со зборовите: ,Зошто вие не си го земете за литературен јазик своето македонско наречје што е побогато од бугарското и поблиско (?) до нашето. Тоа ќе нѐ приближи и ќе нѐ сврзе посилно‘?!“
Појавата на Мисирков
Крсте Мисирков, кој помина една учебна година како ученик во Софија и беше сведок и ги следеше настаните, во својата книга („За македонцките работи“, 1903) оценува: „Мислата за национално обединеине на Македонците, и ако под маска бугарцка, се зафати во 1890 г… Во крајот на 1889 год. се префрла во Бугарија 30-40 души ученици и студенти Македонци од Белград во Софија. Тие ученици сет душата на сите собитија во Македонија от тогај до сега. Они беа запознаени со Србија и Бугарија, со нивните култури и цели во Македонија. Они и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија меѓу тие две држаи, ако да бидит македонците сами да не се вооражат, за да си извоиуваат сами, со свои собствени сили и средства слободата и со тоа да предупредат дележот на Македонија…. По нивна иницијатива првен се образува во зафатоко на деветдесетите години едно национално сепаратистично движеин,е со цел’а да се оддел’ат интересите на македонците од бугарцките со возведуење на једно од македонцките наречија на степен на литературен јазик за сите македонци.“
Со своите националнополитички погледи и ставови списанието „Лоза“ предизвика жестока јавна реакција. Дружината беше обвинета за македонски национален сепаратизам и драстично беше растурена. Тогаш оние што се вратија во Македонија го почнаа тајното организирање на Македонската револуционерна организација во Солун (1893) што го подготви и го изведе Илинденското востание (1903).
(продолжува)
По неуспехот на Илинденското востание настанаа судбоносни недоразбирања и расцепи во раководството на македонската револуционерна организација околу причините за поразот и последиците. Спроведувањето на Мирцштегските реформи не беше прифатливо ни за Бугарија ни за револуционерите, иако тие првпат оцртаа меѓународни граници на Македонија и ветуваа извесно обособување на политичкиот субјективитет на земјата. Појавата на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков го постави и клучното прашање, што да се прави во иднина и врз каква платформа да се постави тоа. Во бурните дискусии на советувањата на револуционерите во Софија и на локалните собири и конгреси во Македонија се размислуваше и за ново востание „напролет“. Беше јасно дека е неопходно да се подготви општ конгрес на ТМОРО и да се ревидираат програмските документи.
На 12 ноември 1903 година некогашниот „лозар“ Ефтим Спространов запишал за Мисирков во својот „Дневник“: „Дошол да го пропагира крајниот сепаратизам меѓу Македонците. Дал в печат една брошура за истото прашање. Зборувавме долго. ’Организацијата, вели, да се обрне од револуционерна во еволуциона‘. – Добро, но ќе може ли да работи во Турција при сегашниот режим? ’Си ја изигра таа, вели, својата улога. Имаше цел да предизвика едно мешање, го предизвика‘… Зборува за книшки на македонското наречје, за граматика, за историска читанка и др. Го прашувам, има ли извор од каде да црпи материјални средства? ’Ми ветија, вели, да ми дадат учителско место во Русија, ќе добивам повеќе од сто рубли месечно, половината ќе ги праќам за тоа дело‘.“
Разочарување од Бугарија
Спространов му дал идеја на Стефан Дедов да издадат календарче „Слободна Македонија“, за кое веќе биле собрани материјалите, но немало средства за печатење. Мисирков му ветил на Дедов дека ќе му даде 50 лева, но под услов – „да биде на македонското наречје“.
Бидејќи некогашниот „лозар“ Спространов бил и таен соработник на бугарскиот министер-претседател, генералот Рачо Петров, уште на 13 ноември меѓу другото му пишува:
Бидејќи некогашниот „лозар“ Спространов бил и таен соработник на бугарскиот министер-претседател, генералот Рачо Петров, уште на 13 ноември меѓу другото му пишува:
„Во сегашниве услови, господине министер-претседателе, кога македонското население е длабоко разочарано од Бугарија поради нејзиното држење во Илинденското востание, јас лично сум убеден дека сепаратизмот што зафаќа длабоки корени во масите во Македонија, може да стане решавачки фактор, особено ако масите ги поведат луѓе од типот на Мисирков, Дедов, Мишајков и други. Сега, по Востанието, луѓето се разочарани од некои водачи на револуционерното движење, коишто ги напуштија во најтешките моменти и се вратија во Бугарија, од каде што беа и отидени во Македонија. Бездруго, народните маси со поголема радост ќе го прифатат гледиштето на македонските националисти што проповедаат Организацијата да се претвори од револуционерна во еволуциона. Како таква ќе може легално да работи во рамките на Турската Империја. Но овој пат таа нема да има други цели, освен, преку добиената културна автономија за Македонија, да ја јакне македонската индивидуалност – преку создавање македонски културно-просветни институции на македонски јазик и создавање македонска самостојна црква, на чело со македонски патријарх“.
Спространов притоа му укажува и му препорачува:
„Како што гледате, господине министер-претседателе, ваквите идеи што веќе широко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание. Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш пореално можете да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија. Уверен сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што прави сега, со бугарскиот јазик“.
„Како што гледате, господине министер-претседателе, ваквите идеи што веќе широко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание. Ако притоа додадам дека пропагаторите на македонскиот сепаратизам се зафатиле мошне студиозно и со ентузијазам да печатат книги, речници, читанки, историски учебници и граматика на македонски јазик, тогаш пореално можете да ја сфатите опасноста за бугарштината во Македонија. Уверен сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што прави сега, со бугарскиот јазик“.
Бугарската полиција почнала да ги следи неговите контакти со „националните сепаратисти Мисирков и Дедов“, па Спространов се правда:
„Според добиените од Вас инструкции, јас не се протиставив на искажувањата на Дедов и Мисирков, дури и во извесна смисла им дадов на знаење дека сум со нив. Сметам дека неправедно сум сомничен од овдешните власти за наводно ширење на македонскиот сепаратизам меѓу Македонците во Софија… Меѓутоа, принуден сум и самиот да признаам дека сепаратизмот што се шири во Македонија можеби во моментов е единствениот излез за мојата татковина. Не би било лошо, господине министер-претседателе, ако априори не се отфрли сепаратизмот и од Вашата влада, но да му се даде белег на политички, а не национален сепаратизам. На таков начин јазикот и натаму ќе биде крвна врска меѓу Македонија и Бугарија“,
„Според добиените од Вас инструкции, јас не се протиставив на искажувањата на Дедов и Мисирков, дури и во извесна смисла им дадов на знаење дека сум со нив. Сметам дека неправедно сум сомничен од овдешните власти за наводно ширење на македонскиот сепаратизам меѓу Македонците во Софија… Меѓутоа, принуден сум и самиот да признаам дека сепаратизмот што се шири во Македонија можеби во моментов е единствениот излез за мојата татковина. Не би било лошо, господине министер-претседателе, ако априори не се отфрли сепаратизмот и од Вашата влада, но да му се даде белег на политички, а не национален сепаратизам. На таков начин јазикот и натаму ќе биде крвна врска меѓу Македонија и Бугарија“,
Загрозено бугарското дело во Македонија
Бугарскиот премиер останал ужасно изненаден од писмото. Уште утрето рано шефот на претседателовиот кабинет му донел на Спространов жесток одговор и отказ од службата. Уште на 24 ноември 1903 година Спространов му одговорил:
„По сè изгледа, не сте ги сфатиле моите добри намери во писмото од 13 ноември оваа година и ми ја откажувате натамошната служба во доменот на политиката. Велите, господине министер-претседателе, дека моите сугестии во однос на македонското национално движење се тенденциозни и провокаторски… Но ме чуди и Вашиот став бескомпромисно да се борите против секаков македонски сепаратизам… Што се однесува за моето пишување по списанијата и весниците на македонското наречје, тоа го правев со единствена цел да се приближам до сепаратистите за да можам поподробно да се запознаам со нивната дејност. Ако притоа резултатот од таквата моја дејност го оценувате како штетен за бугарското дело во Македонија, јас не сум виновен, бидејќи тие списанија и весници ќе излегуваат на македонското наречје и без мои статии и творби, како што и сепаратистичкото движење и натаму ќе се шири, го сакале тоа ние или не“.
„По сè изгледа, не сте ги сфатиле моите добри намери во писмото од 13 ноември оваа година и ми ја откажувате натамошната служба во доменот на политиката. Велите, господине министер-претседателе, дека моите сугестии во однос на македонското национално движење се тенденциозни и провокаторски… Но ме чуди и Вашиот став бескомпромисно да се борите против секаков македонски сепаратизам… Што се однесува за моето пишување по списанијата и весниците на македонското наречје, тоа го правев со единствена цел да се приближам до сепаратистите за да можам поподробно да се запознаам со нивната дејност. Ако притоа резултатот од таквата моја дејност го оценувате како штетен за бугарското дело во Македонија, јас не сум виновен, бидејќи тие списанија и весници ќе излегуваат на македонското наречје и без мои статии и творби, како што и сепаратистичкото движење и натаму ќе се шири, го сакале тоа ние или не“.
Спространов во продолжение уште еднаш сведочи за „брзото ширење на македонското национално движење, кое не само што ја зафати Македонија, туку наоѓа одзив и тука меѓу македонската емиграција, а најмногу кај интелигенцијата“. Него посебно го загрижува што веќе и Македонската револуционерна организација, сосе своите лидери, се приклонува кон движењето. На 23 ноември 1903 година во својот „Дневник“ запишал: „Денеска Мисирков ќе соберел десетина незначителни човечиња за да основале некаков книжевен кружок за распространување на неговите идеи. Дедов ми предлагаше да отидам и јас. Кога гледам дека сè е ветер без пари, откажав“.
А утрето, разлутен од писмото на премиерот, во својот одговор му пишува:
„Вам секако Ви е познато дека овде во Софија дниве се основа Македонско научно-литературно другарство. Вистина, засега околу него се собрале десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати и грото на македонската бројна емиграција“.
А утрето, разлутен од писмото на премиерот, во својот одговор му пишува:
„Вам секако Ви е познато дека овде во Софија дниве се основа Македонско научно-литературно другарство. Вистина, засега околу него се собрале десетина луѓе, но ако не се преземат соодветни чекори и не се протера Крсте Мисирков од Бугарија, тоа за кусо време ќе го опфати и грото на македонската бројна емиграција“.
Народот разделен меѓу пропагандите
Спространов му ги објаснува и корените и иднината на новото движење:
„Ваквиот развој на настаните во врска со Македонското национално движење не треба да Ве чуди, господине министер-претседателе, бидејќи семето за политичка автономија на Македонија е фрлено многу одамна и тоа е лозинката на секој Македонец. Како логична последица на таа политичка автономија доаѓа и нејзиното комплетирање со национална и јазична автономија. Тоа всушност е неминовен пат за да се излезе од сегашната невозможна ситуација – народот да биде разделен меѓу пропагандите. Затоа, кога Ви пишував дека можеби е подобро за Вашата влада да ги има предвид опасностите што се јавуваат од Македонското национално движење и да биде прва, а не последна што ќе ја сообрази својата државна политика со националните тенденции на Македонците, мислев пред сè на идните односи меѓу двете земји. Зарем е тешко да се предвиди дека Србија една таква ситуација побргу ја сфаќа и се прилагодува спрема неа? Не се крие ли во тоа опасноста симпатиите на македонскиот народ да се свртат од Бугарија кон неа, ако таа го помогне етничкото издвојување на македонскиот народ, како што го правеше тоа во 80-тите години на минатиот век?“
„Ваквиот развој на настаните во врска со Македонското национално движење не треба да Ве чуди, господине министер-претседателе, бидејќи семето за политичка автономија на Македонија е фрлено многу одамна и тоа е лозинката на секој Македонец. Како логична последица на таа политичка автономија доаѓа и нејзиното комплетирање со национална и јазична автономија. Тоа всушност е неминовен пат за да се излезе од сегашната невозможна ситуација – народот да биде разделен меѓу пропагандите. Затоа, кога Ви пишував дека можеби е подобро за Вашата влада да ги има предвид опасностите што се јавуваат од Македонското национално движење и да биде прва, а не последна што ќе ја сообрази својата државна политика со националните тенденции на Македонците, мислев пред сè на идните односи меѓу двете земји. Зарем е тешко да се предвиди дека Србија една таква ситуација побргу ја сфаќа и се прилагодува спрема неа? Не се крие ли во тоа опасноста симпатиите на македонскиот народ да се свртат од Бугарија кон неа, ако таа го помогне етничкото издвојување на македонскиот народ, како што го правеше тоа во 80-тите години на минатиот век?“
(продолжува)
Бугарската влада не била готова за каква и да е толеранција на новото македонско национално движење, па затоа опасноста од создавањето на Македонското научно-литературно другарство во Софија ја решува најрадикално. За тоа сведочи членот-основач на ова другарство, илинденскиот револуционер и публицист Јордан Ангелов, во своите спомени: Димитар Мирасчиев војводата беше се зближил со Мисирков и беа се согласиле кон политичкиот автономен принцип за слободата на Македонија да се додадат и националната и јазичната автономија, почнувајќи да се издаваат книги и весници на чист македонски јазик. Кон оваа идеја се присоединив и јас, со длабоко убедување дека таму е јадецот за слободата на Македонија… Но не поминаа еден-два дена, книгата на Мисирков уште в печат, во една прекрасна зимна ноќ, јас и Мирасчиев по бели гаќи се најдовме во софиската полициска станица, а кутриот Мисирков беше летнал по неволја преку границата, та дури во Русија – екстерниран….
Чернодрински и Мисирков во Белград
Иако еден дел од лидерите на Организацијата се приклони кон идеите и концепциите на Новото движење, благодарение на суровите мерки на бугарските власти, тие не најдоа јавен израз во дискусиите на востаничките раководители. За сите беше јасно дека балканските монархии забрзано готват почва за поделба и заграбување на европска Турција. Во Софија и во Белград се искористија студентските организации за создавање движење за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија. Започнаа размени на студентски делегации и објавување декларации во тој дух. Беа организирани и гостувања на македонските театарски трупи „Слобода“ на Димитар Хаџиев и „Скрб и утеха“ на Војдан Чернодрински со претстави на македонски јазик во Белград и во други места во Србија.
И додека се печатеше книгата во Софија, со театралната трупа на Чернодрински замина за Белград и Крсте Мисирков. Тој имаше можност не само да посети некои белградски редакции и да разговара со истакнати личности од српските научни, општествено-политички и државни средини, туку на 11 декември 1903 година во салата на Великата школа одржал предавање за македонското прашање во светлината на српско-бугарското зближување. Според парафразата на весникот „Штампа“, Мисирков опширно го разложил движењето во студентските кругови и ја осудил струјата што одела по секоја цена да дојде до заедничка акција во Македонија, уверен дека не е можно да биде трајно таквото зближување, зашто сите постапки се раководени од „себичните намери и на едната и на другата страна“.
Само по една недела истиов весник веќе го нарече Мисиркова „човек што тргува со народноста“, а студентскиот орган „Словенски југ“ на 18 декември истури отровна жолч против предавањето на Мисирков: „Ние не веруваме во искрените побуди на овој предавач. Ние гледаме задни намери во ова предавање. Г. Мисирков, кога е зборот за македонското прашање, не е совесен…“ и го смести со „некои мошне сомнителни личности што под маската на,комити‘ или,Македонци‘ го шпионираат нашиот општествен живот и гледаат нема ли нешто да уќарат. Почитувајќи ги вистинските комити од Македонија, ние им го обрнуваме вниманието на граѓаните за овие неранимајковци“.
Повторно повик за руско замешателство
Одеднаш и во Белград и во Софија се вклучи аларм и беа преземени секакви мерки. Два дена пред предавањето на Мисирков редакторот на софискиот дневник „Вечерна пошта“, Стојан Шангов, во опширната статија „Македонска народност, македонска граматика, руски пронајдок“ се обиде „да го оцрни“ Мисиркова – „новиот апостол“, но „апостол“ „не на обединувањето, туку на разединувањето“, кој „не е ни Русин ни Бугарин, ни Јудеј ни Елин“, туку – „Македонец, проповедник на една нова народност, без свои национални особености, без јазик, без граматика, без етнографски рамки. Името му е малку прозаично, се вика Мисирков“. И за да го исмее што повулгарно и побезобѕирно и со тоа да го омаловажи пред јавноста, авторот го споредува со јунакот од „побугарената комедија од Попов“, во која тој се викал Михо Мисирков. Напаѓајќи го како руско орудие, Шангов прашува: „Што има привлечно тука за Русите?“, па коментира: „Македонски јазик и македонска народност нема, има само еден прилепско-охридски бугарски дијалект, но тој има толку разлика од бугарскиот јазик, колку малорускиот од белорускиот или русинскиот од великорускиот. Составува ли Русија одделна граматика за Малорусија?“
Всушност, со своите споредби Шангов точно го определи односот на македонскиот спрема бугарскиот јазик, а блиската историја му даде полн одговор.
Во истото време, кога Мисирковата книга беше уште в печат, се појави со опширно реагирање во истиот дух и младиот прилепчанец Милан Грашев, уредник на софиското списание „Македонија“. Очевидно по официјален државен брифинг, и тој ги користи истите реквизити и истата методологија за дискредитација на личноста на Мисирков и за омаловажување на неговото дело. Само што овде не е именуван Михо Мисирков, туку му е залепено „прозаичното име… К.П. Мисир“, кој, откако оставил да го убијат рускиот конзул, избегал со неговото тело дури во Русија, а сега дошол во Софија да ја печати книгата „За македонцките работи“, за која, вели, „како бенгалски огнови“ ги растурил поканите за претплата и тие „се покриле со потписи како што се покриваат пчелните пити со мед“. Макар и без увид во интегралниот текст на книгата, Грашев ги цитира петте наслови од рекламната најава: „Овие лудории од немакедонски фрази, овие бркотници од немакедонска фонетика, оваа дилогика од искривоколчена синтакса ќе роди од пепелта феникс, од мозокот на К.П. Мисирков – дело, том од 10 печатарски табаци…“
Во истото време, кога Мисирковата книга беше уште в печат, се појави со опширно реагирање во истиот дух и младиот прилепчанец Милан Грашев, уредник на софиското списание „Македонија“. Очевидно по официјален државен брифинг, и тој ги користи истите реквизити и истата методологија за дискредитација на личноста на Мисирков и за омаловажување на неговото дело. Само што овде не е именуван Михо Мисирков, туку му е залепено „прозаичното име… К.П. Мисир“, кој, откако оставил да го убијат рускиот конзул, избегал со неговото тело дури во Русија, а сега дошол во Софија да ја печати книгата „За македонцките работи“, за која, вели, „како бенгалски огнови“ ги растурил поканите за претплата и тие „се покриле со потписи како што се покриваат пчелните пити со мед“. Макар и без увид во интегралниот текст на книгата, Грашев ги цитира петте наслови од рекламната најава: „Овие лудории од немакедонски фрази, овие бркотници од немакедонска фонетика, оваа дилогика од искривоколчена синтакса ќе роди од пепелта феникс, од мозокот на К.П. Мисирков – дело, том од 10 печатарски табаци…“
Со молчење или со камшици
И Милан Грашев потсетува за улогата на Русите: „Ова не е првиот потрес во нашата литература:,Младата македонска книжовна дружина‘ од 1892 год. не отскокнува многу пред рабушот на К.П. Мисирков.,Лоза‘ со непромисленост, но со многу поголем ум, застапуваше нешто што се изроди во илјадници глави и даде друго за кое, толмачите‘ не помислија. Оваа идеја се,пропиштела‘ во 1887 година – само во рускиот реакционерен печат. Иван Аксаков ги советувал своите воспитаници Македонци во 1886 год. да го изделат македонскиот литературен жаргон и да го зачудат светот со својата независност… Досега никој не ги разбрал. Неодамна чувме дека во Петроград се образувало Студентско македонско друштво што ќе работи врз,македонскиот јазик‘…
Нема сомнение дека над овие идеи и потфати работат многу поумни глави од оние што ги гледаме со просто око. Во 1892 год. овој израз доби увлечение што ја издигнуваше Македонија во,отделно (тие не пишуваа,оддел’но) словенско господарство‘?!“
И Шангов и Грашев се заканија: „Ние бездруго ќе се навратиме и поспокојно врз трудот на г. Мисирков штом ќе се појави“. Но кога книгата излезе и беше прочитана – настана тешкиот заговор на молчење… Малку потоа, Грашев само препорача: „Бугарската влада треба да се изјасни спрема движењето, течењето и дејците. Ако е потребно сево ова за делото и за идеалот – да се трпи; не е ли – Кнежеството има четири краишта. Оди ли движењето по патот на некоја можна благопријатност – да се гали; оди ли по патот на вратоломноста – да се окове; море со камшици не се тепа…“
И Шангов и Грашев се заканија: „Ние бездруго ќе се навратиме и поспокојно врз трудот на г. Мисирков штом ќе се појави“. Но кога книгата излезе и беше прочитана – настана тешкиот заговор на молчење… Малку потоа, Грашев само препорача: „Бугарската влада треба да се изјасни спрема движењето, течењето и дејците. Ако е потребно сево ова за делото и за идеалот – да се трпи; не е ли – Кнежеството има четири краишта. Оди ли движењето по патот на некоја можна благопријатност – да се гали; оди ли по патот на вратоломноста – да се окове; море со камшици не се тепа…“
(продолжува)
Кога по враќањето од Белград Мисирков во софискиот весник „Ден“ (1904) ги објави впечатоците од посетата на Србија, Редакцијата во фуснота му одбележа:
„Г. К. Мисирков е следбеник на Петербуршката студентска група, која – по сугестија од некои словенофили – се наканила од македонскиот бугарски дијалект да прави посебен литературен јазик. Со таа цел тој сега скоро отпечати и една брошура ’За македонцките работи‘, којашто по идеи – нека ни е простено да речеме – е ексцентрична, а по стил е чисто бугарска книга, т.е. доаѓа уште еднаш да покаже дека дури и при преднамереност македонскиот дијалект е одвај ли не поблизу – особено по културата – до нашиот литературен јазик, отколку што е, на пр., говорот на Хасково или, на пр., говорот на подуенските Шопи“.
Истовремено уредникот на софиското списание „Книгопис“ проф. Александар Теодоров-Балан само кратко ја регистрира излезената книга на Мисирков и не без иронија потсети дека авторот, поради националното име Македонец и поради идеите за македонската народност и за јазикот, бил „исвиркан“ „и од Србите кога неодамна им го толкувал во Белград“.
„Г. К. Мисирков е следбеник на Петербуршката студентска група, која – по сугестија од некои словенофили – се наканила од македонскиот бугарски дијалект да прави посебен литературен јазик. Со таа цел тој сега скоро отпечати и една брошура ’За македонцките работи‘, којашто по идеи – нека ни е простено да речеме – е ексцентрична, а по стил е чисто бугарска книга, т.е. доаѓа уште еднаш да покаже дека дури и при преднамереност македонскиот дијалект е одвај ли не поблизу – особено по културата – до нашиот литературен јазик, отколку што е, на пр., говорот на Хасково или, на пр., говорот на подуенските Шопи“.
Истовремено уредникот на софиското списание „Книгопис“ проф. Александар Теодоров-Балан само кратко ја регистрира излезената книга на Мисирков и не без иронија потсети дека авторот, поради националното име Македонец и поради идеите за македонската народност и за јазикот, бил „исвиркан“ „и од Србите кога неодамна им го толкувал во Белград“.
Примероци од книгата во Виена
Па сепак, идеологијата на Другарството, изразена во Мисирковата книга, сериозно ги замисли и Белград и Софија. Првин се обидоа јавно да ја дискредитираат, но тајно и бесшумно поведоа организирана кампања. Српското Министерство за надворешни работи му порача на својот дипломатски застапник во Софија да му достави 50 примероци од Мисирковата книга. На 12 јануари 1904 година купените примероци стигнале во Белград и веднаш беа распределени на надлежните места. Само по три дена Стојан Новаковиќ му пишува од Белград на познатиот славист во Виена Ватрослав Јагиќ: „Завчера Ви пратив една книга печатена дниве во Софија на македонскиот дијалект. Авторот е од руските школи; беше овде пред кусо време, а тој е оној учителот што беше со загинатиот битолски руски конзул Ростковски. И овде на Великата школа одржа некое јавно предавање за своите идеи, не наоѓајќи особен одзив. Ви го испратив тоа како куриозум (ништо друго и не е), зашто кај мене имам уште еден егземплар“.
Во тој момент и за Ст. Новаковиќ, кој и самиот се сретна со Мисирков во Белград (и му го даде својот сепарат за Ичковиот мир), беше многу важно да го неутрализира влијателниот Јагиќ, зашто пред тоа тој во виенскиот весник „Неуе Фреие Прессе“ објави поголема статија за Македонија и Македонците и наведе дека „некои Македонци мислат да внесат во училиштата некој од своите месни дијалекти“. И самиот Новаковиќ од Петербург му имаше пишано на Јагиќа дека „Македонците, на пр., не сакаат сега ни со Бугарите ни со Србите, туку ги има што размислуваат како ќе пишуваат на македонски“.
Србите подготвени и за македонска автономија
Не задоцни ни бугарската страна со пресија врз ставовите на Јагиќа. На 27 декември 1903 година, кога книгата на Мисирков беше излезена и тој се врати од Белград, а беше формирано и новото Македонско научно-литературно другарство во Софија, првата личност на бугарската славистика и некогашен загрепски студент Љубомир Милетич енергично му реагира на виенскиот славист зошто за подготвуваната Енциклопедија на словенската филологија делот за македонските говори му го доверил на рускиот славист Петар Лавров, кога би можел тоа да го напише и самиот Јагиќ или, пак, бугарските филолози Цонев и Шишманов. „Да се вовлекуваат во Енциклопедијата некаквиси ’Македонские Славене’ и да се одделуваат македонските говори во посебна група – тоа не треба да се допушти, зашто од научно гледиште тоа никако не може да се оправда…“.
А за да ја канализира и српската јавност, наскоро по настапот на Мисирков, „по иницијатива на четворица професори на Великата школа“, во истата сала и за истото македонско прашање, од Пропагандното одделение на Министерството за надворешни работи беа организирани два семинара што прераснаа во јавни собири со бурна дискусија, каде што настапија најистакнатите имиња на српската славистика, лингвистика, историја и географија: Јован Цвииќ, Љубомир Јовановиќ, Станое Станоевиќ и Александар Белиќ.
Притоа беше истакнато дека „за тие посебни, ’македонски’ стремежи не може сериозно да се зборува како за национална појава“, па, во духот на веќе започнатите спогодбарски преговори со бугарската влада, акцент му беше даден токму на националното и на јазичното прашање и беше препорачано: „…би било добро да се земат српскиот и бугарскиот, паралелно обата јазика во целата земја, во сета службена употреба и во целиот јавен живот, како наполно рамноправни. Така бугарскиот конечно би можел да се утврди во оној дел од земјата што и сега има повеќе бугарско обележје, српскиот во населението што има српско обележје. Секако тогаш по мирен пат иднината би расправила кој од двата јазика има повеќе права да живее во Македонија, цела, или едниот во еден, а другиот во друг нејзин дел“.
На крајот сепак се потсетува:
На крајот сепак се потсетува:
„Србија може да се согласува на политички договори и спогодби – како што е автономијата македонска, но таа и нејзините свесни синови не смеат да заборават дека таму има српска земја, дека тоа е дел од татковината, значи нешто што никој не е овластен да го отуѓи ни да го отстапи“. Тоа беше всушност во унисон со текстот од заедничката резолуција на српските и бугарските студенти, објавена во белградска „Политика“ на 12 јануари 1904 година, каде што јасно се декларира дека „македонското прашање не е прашање ни на Србија ни на Бугарија ни на Грција итн., туку на прво место и исклучиво прашање на поробените народи што живеат таму“.
Ставовите на Никола Пашиќ
Ова, пак, беше наполно во согласност со ставот на Никола Пашиќ, кој на 11 февруари беше му го рекол на бугарскиот вршител на работите во Белград Хесапчиев: „Јас му реков дека порано бев решителен противник на автономијата на Македонија. Не признавав дека има и трета словенска народност на Балканот освен Србите и Бугарите, па според тоа и не би требало по секоја цена да се создаваат уште и Македонски Словени. Тие се или Срби или Бугари. Оние делови што се поблизу до Србија и кои повеќе се изложени на српското влијание – тоа се Срби, а оние делови што се поблизу до Бугарија – тоа се Бугари… Најпосле, не мислев дека за правилниот развиток на балканските држави е потребно или оправдано да се создава уште и четврта словенска државичка. Но, – додал Пашиќ – бидејќи условите многу се променија откако големите сили го зедоа тоа прашање во свои раце и работат на некои реформи, и јас ја прифатив таа идеја ’за автономијата’ под извесни услови, а тоа се: новата словенска државичка не смее да биде на штета на српската држава. Нејзиното држење треба да се организира на начин што ќе го олесни животот и постоењето како на Србија така и на Бугарија“.
Сето ова беше преточено и во потпишаниот „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ од 30 март 1904 година, во чија преамбула се нагласува дека двете монархии „се одушевени од желбата на нивните народи да се зачува територијалниот статус кво на Балканскиот Полуостров и да се подобри судбината на нивните сонародници во Отоманската Империја“. Тоа се потврдува и во чл. 1 од Договорот, каде што се прецизира дека во трите вилаети во Македонија двете држави „ќе ги обезбедат животот, имотот и слободниот развиток на своите сонародници во тие вилаети врз основа на рамноправноста на народностите во секој однос“.
(продолжува)
Книгата „За македонцките работи“ на Мисирков и неговото предавање во Белград ги засилија спогодбарските процеси на Балканот за идната поделба на Македонија – пред стравот дека може да се реализира автономијата на Македонија. Затоа и угледниот белградски професор Андра Гавриловиќ во априлскиот број од новосадското списание „Бранково коло“ (1904) ја објави опширната статија „Пред четврта книжевност“, во која, откако се залага „за еден литературен јазик на словенскиот југ“, авторот загрижено алармира дека, покрај трите словенски јазици и литератури – српскиот, бугарскиот и словенечкиот, се појавуваат и четврти јазик и „четврта литература и воопшто духовна култура на словенскиот југ“, како „оправдување во поклопувањето со една научна теорија“ (мислејќи на пишувањето на В. Јагиќ), па јавно конкретизира: „Тоа е теоријата на проф. Јагиќ за постанокот и развитокот на јужнословенските јазици, која како научничка поставка има своја основа, но која, изговорена со јазикот на партикуларното гледање, води кон непожелни резултати. И токму тоа покажува: како треба во времето да се гледа на идната духовна култура македонска“.
Нова појава на словенскиот југ
Потпирајќи се врз ставот на академикот Стојан Новаковиќ за „политичкиот момент, т.е. можноста за поуспешна агитација во Македонија, чија цел би била идната духовна заедница на Македонија со другите српски покраини“, Гавриловиќ наведува: „Зимоска во Белград и во уште некои градови на Кралството Србија гостуваше Македонската театрална трупа под управата на Црнодримски. Таа прикажуваше на македонски јазик оригинални македонски драми. Со еден збор, имавме примери од новата духовна култура – литература и уметност – македонска. Не треба да се залажуваме. Она што го покажуваше Црнодримски не беше жаргон, туку проба на една туѓа култура во друг свет, онака како што чешките уметници му доаѓаат на гости на нашиот Народен театар или, уште поарно, како што на пр. Салвини пред неколку години со својата трупа гостуваше во Белград. Да го оставиме настрана тоа што Црнодримски си има по две редакции од своите драми – за Софија и за Белград – веќе и самата таа појава на неговите македонски продукции покажува оти стоиме пред почетоците на нова, четврта литература на словенскиот југ. А ние му ракоплескавме на тоа!“
Затоа проф. Андра Гавриловиќ заклучува: „Движењето на фактите што овде ги изнесовме не е јасно за секое, и за најобичното око. Тоа не се чувствува веднаш, не се гледа на берзата, не се внесува на снимките на генералштабовите. Но затоа, пак, тоа е толку порешавачко и невозможно за поправка. Чистото и трезно гледање во иднината нема да испушти од предвид, ниту пак ние можеме да се одречеме од долгот дека јазикот и нашата духовна култура, колку и да е таа инаку недостатна, го имаат во иднината на Македонија.“
Страв од македонскиот дијалект
Овој страв за осигурување на иднината на Македонија не беше само во Србија. На 18 јануари 1904 година српскиот дипломатски застапник во Софија Јован М. Јовановиќ го известува својот министер дека идејата за зближување помеѓу Бугарија и Србија почнала сè повеќе да „добива терен“ и во Софија, но дека не треба да се мисли оти тоа ќе стане брзо и лесно, па наведува: „Уште е премногу голема самоувереноста на Бугарија; премногу се јаки интимните врски помеѓу Бугарите и Македонците што некако се вткале во животот на Кнежеството; премногу е тешко да се прежалат оние жртви што Бугарија фактички ги има поднесено за Македонија; тешко им е на Македонците што се на бугарска служба да зборуваат што ѝ должат нејзе. Последново ќе ви го илустрирам со еден пример.
Вам познатиот К. Мисирков, родум од Битолскиот вилает и бугарски воспитаник, некогашен преподавател во бугарската гимназија во Битола, напиша скоро една книга ’По македонцките работи‘ на македонски дијалект. Еден член од Внатрешната македонска организација велеше дека за оваа книга пред две-три години Мисирков би платил со главата во Бугарија, а Николов, некогашниот книжар во Солун, којшто беше долго време в затвор во Беас-Куле во Солун како револуционер, го уверувал нашиот повереник дека поради оваа книга Мисиркова ќе го снајде смрт само ако отиде во Македонија.“
Бугарскиот универзитетски професор Александар Теодоров-Балан дури по три години се јави во софиското академско издание „Периодическо списание“ (за 1904) со најопширниот и најзначаен критички приказ на книгата „За македонцките работи“, под недвосмислен наслов „Една македонска теорија“. Балан констатира дека, иако книгата е „засега единствена каде што е приложена една од ’македонските теории‘ воопшто за сите најважни погледи за македонските Словени како целост“, таа не доби одзив во бугарскиот печат „каков што таа заслужува од бугарска страна“. Печатот „само го задена тук-таму лично авторот на книгата, му потфрли понекоја – ако не клевета, а тоа барем глума, самозадоволно објави дека со јазикот на својата книга г. Мисирков без да сакал докажувал оти македонските Словени биле Бугари, и си одмина“. Но, смета Балан, оваа појава заслужува многу поголемо внимание, зашто „се разгледуваат прашања од важна политичка природа за бугарската народност и државна мисла“, бидејќи Мисирков „ги убедува своите собраќа Македонци дека треба да се борат за своја народност, за свој литературен јазик, за своја – македонска култура“.
Македонија на Македонците
По деталниот критички осврт на книгата, Балан ги изведува следниве заклучоци и предупредувања: Бугарија е должна „насекаде да ги чува интересите на единството на бугарското племе“, независно каде се наоѓа и колку е малобројно. „Не се знае дали некогаш нивната услуга нема да ѝ биде мошне пожелна и многу скапа“. Бугарија, вели, треба да биде уверена дека „во Македонија живее еден од секоја страна несомнен контингент Бугари“, на кои треба да им ги посветува, по добро обмислен и со постојанство спроведуван план, сите должни грижи…
Досега се забележува дека девизата „Македонија за Македонците“ се ползува со релативно најголема расположеност како кај моќните држави за слободата на македонските робови, така и кај самите робови од разните народности. Бугарија нема причини да не ѝ служи усрдно на оваа девиза; напротив, и самата нека ја усвои како дипломатска теза… Пред оваа теорија, пред нејзиното проникливо распространување бугарската држава треба да биде на штрек. Тука нејзе ѝ се налага да промисли како во исполнувањето на нејзиниот план за грижи за Бугарите во Македонија и во поддршката на тезата „Македонија за Македонците“ би можела да ги крстоса, да ги осуети, да ги преврти во бугарска корист последиците од теоријата на г. Мисирков; зашто видовме дека г. Мисирков гони одродување на македонските Бугари, основање нова словенска литература и нова духовна култура воопшто за Словените во Македонија.
Опасности по бугарштината
Секоја бугарска влада, проникната од свеста за правиот свој долг кон бугарштината отаде Рила, ќе знае да ги одбере и да ги употреби своите средства за парализирање на плановите на г. Мисирков. Меѓу нив нека не заборава: 1) да ги проучува на место и систематски, со доста специјално подготвени луѓе, сите политички, културни и социјални услови на населението од разните племиња во Македонија; 2) да создава по можност најразновидни олеснувања за непосредни економски и културни односи помеѓу Македонија и Бугарија, кои се толку редуцирани за нашата држава со железницата Солун – Белград; 3) да воздејствува врз бугарската литература во смисла да стане таа по предмет, по израз и по писмо повеќе народна, а токму со тоа и повеќе блиска и до интересот и сфаќањето на македонските Бугари. Само при таква работа нема да произлезат опасности за бугарштината во Македонија од теориите како што е на г. Мисирков. А во таа работа, покрај трудот на владата, премногу е потребна особено соработката на бугарското општество, на книжевноста, на печатот.
(продолжува)
Српско-бугарското псевдозближување се правеше заедно со засилената борба на соседните држави за зачувување и засилување на позициите на Србите, Бугарите и на Грците во Македонија, не без учество на Русија во тој процес, кога по руско барање со посебен акт султанот ја забрани употребата дури и на името Македонија, па се употребуваше само композитот „трите вилаети“. Од друга страна, Мирцшегските реформи ја опфаќаа само територијата на Македонија, без Одринско и Косово, и со тоа на меѓународен план геополитички се индивидуализираа македонските вилаети како една етногеографска целина.
Истовремено во Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург е донесен и Уставот на другарството, а со него првпат и официјално како задолжителен е воведен македонскиот литературен јазик во службена употреба, според правописните принципи претставени во книгата „За македонцките работи“. За реализацијата на уставните одредби, другарството води преговори со амбасадите на Турција и на Австро-Унгарија во руската престолнина и со турска дозвола во април 1904 година се праќаат двајца емисари во Македонија за подготвување почва за отворање училишта на македонски јазик, заради што се подготвуваат македонски буквар, како и други учебници за 34-те села што писмено изјавиле желба децата да им се школуваат на мајчиниот јазик. А во рамките на реформскиот процес во европска Турција и со подготовките за пописот на населението, се прават потфати за обновување на Охридската архиепископија како македонска црква и со тоа во милетскиот систем да се обезбеди и македонски нуфус.
Ни Бугари ни Срби
Сè во тоа време претседателот на Тајниот македонско-одрински кружок во С. Петербург, Христо Шалдев, ги клевети другарството и неговиот претседател Чуповски директно пред бугарскиот егзарх во Цариград, пред бугарската влада и непосредно пред Врховниот комитет во Софија, но и кај претставниците на привремениот ЦК на ТМОРО во Солун. На 22 јуни 1904 година Шалдев во врска со дејноста на другарството му пишува на солунскиот ЦК:
„Тоа се група Македонци, бивши српски воспитаници, што не се признаваат ни како Бугари ни како Срби, војуваат за автокефална македонска црква, одделен македонски јазик и стојат врз целоста на Турската Империја. Заслужуваат внимание, зашто од една страна се во врска со овдешното Турско конзулство, и од друга, зашто се јавуваат како одделна група што го дели уште на една единица словенското население во Македонија. Тие, на пример, како што дознаваме, имаат со себе 34 села во Битолскиот и во Скопскиот вилает. Наскоро ќе печатат 1.500 примероци словеномакедонски буквари за 34-те села што изјавиле желба децата да им се обучуваат по нив“.
На ова, претставникот на ЦК на ТМОРО, Иван Сапунаров, на 9 јули од Солун одговара: „Вашите Словеномакедонци изгледа се вистински шпиони на Турците кога сакаат да работат со нив (за спас на Империјата). Претпазувајте се од нив и следете ги“.МН: Македонски јазик во училиштата
На 26 јули 1904 година Шалдев го известува и бугарскиот егзарх: „Како што Ви ветив, во прилог Ви го праќам одговорот на ’светогорците‘ ЦК на ТМОРО што го добивме овде на 14 јули… Како што ќе видите од писмото ’светогорците‘ се запознаени со активноста на Словеномакедонците… И така ’светогорците‘ сега се убедени дека Словеномакедонците, коишто не се признаваат ни за Срби ниту за Бугари, им се вистински шпиони на Турците. Морам да признаам, Ваше Блаженство, таквата верзија е пуштена од мене со цел да им ги пресечам врските на Словеномакедонците со Револуционерната организација.
Инаку, тие во Турција исто така гледаат непријател, со којшто треба само да се води политика за да им се исполни нивната идеја. Како и да е,,светогорците‘ во нив гледаат свои непријатели и ќе направат сè што е можно за да не им дозволат да шетаат по Македонија и да ја шират заразата во народот. Впрочем, тоа беше Ваша идеја и јас сметам дека добро ја извршив… Истовремено Ве молам да отпуштите извесна сума пари за да можам овде да придобијам некои поколебливи студенти што мизеруваат без стипендии“.
Независно од сите клевети и пречки, идејата за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Македонија се прошири и во европскиот печат, па и во Белград и во Софија. Уште на 29 јули 1904 год. српскиот дипломатски застапник во Софија извести: „Хилми-паша со сите сили работи да уништи сè што е бугарско во Македонија“, дека „подготвува предлог христијанските училишта да се претворат во државни (веќе и поставил, велат, неколцина христијани учители по селата во Битолскиот вилает – ги плаќа со државни средства)“ и дека „подготвува предлог по сите помали места во Македонија да се отворат четирикласни гимназии, а во секој санџак по едно занаетчиско училиште“.
И весникот на Стефан Дедов „Куриер“ (19 март 1905) објави вест дека генералниот инспектор Хилми-паша издал окружно писмо за забрана на предавањата по историја и географија во бугарските училишта во Македонија, заедно со веста дека Мисирков во Одеса повел иницијатива да издава списание на македонски јазик „Вардар“.
Мисирков на нишан
Сето тоа ги иритира балканските престолнини. На 16 јуни белградскиот „Српски књижевни гласник“, по повод излегувањето на првиот број на софиското списание „Македонски преглед“, објави информација од бившиот српски дипломатски застапник во Софија Јован Јовановиќ: „Никола Наумов, некогашниот секретар на Бугарското трговско агентство во Скопје, уредник на познатиот Мемоар на Внатрешната организација (Македонија и Одринско, 1892-1902), покрена во Софија двонеделно списание ’Македонски преглед‘. Овој лист требаше да ја има девизата ’Македонија за Македонците‘, да ја застапува Внатрешната револуционерна организација, да војува против надворешната револуционерна организација. Требаше, но ја нема. Веднаш во првиот број ’Мак. преглед’ почнува да ги застапува бугарските интереси во Турција… И најпосле, во листов се пишува на бугарски јазик, а не на оној што го зборува македонското население, а на кој почнува да пишува Мисирков… Фирмата македонска, а есапот бугарски…“.
Уште во наредниот број непотпишаниот уредник на „Македонски преглед“ Наумов остро реагира под наслов „Мисирковштина“ и нагласува дека е сосем нормално што списанието ги заштитува интересите на „Бугарите во Македонија“, па вели: „…не требало да го пишуваме нашево списание на бугарски, туку на македонски, т.е. да ја прегрнеме мисирковштината… Не очекувавме г. Јовановиќ, шефот на српската пропаганда во Македонија, да мисли толку лесно и површно за најелементарните работи во македонското дело. Тој ни зборува за работи што го составуваа првобитниот обид на српската пропаганда во Македонија и кој денеска одново се покренува од еден мрднат Мисирков…“.
(продолжува)
На 30 јуни 1905 год. српскиот дипломатски застапник во Софија, Света Ст. Симиќ, во својот извештај не само што дава поблиски информации за разговорот што го имал со Наумов пред три дена туку и за дејноста на Мисирков и особено за Чуповски во Македонија во врска со акцијата за отворање македонски училишта под патронат на Другарството. „Меѓу појавите што заслужуваат внимание, пишува Симиќ, а во врска со прашањето за состојбата на Македонците, заслужува внимание агитацијата што ја развива познатиот на министерството Мисирков, авторот на делото,Македонцките работи‘, во кое ја развива теоријата за,македонскиот народ‘ и ја проповеда идејата за употреба на охридско-битолскиот дијалект за литературен јазик на Македонците. Мисирков си нашол приврзаници од Македонија што се школуваат во странство“.
Нападите врз Чуповски
„Еден од нив, некој Чуповски, свршен студент на Петроградската духовна академија, почнал да ја проповеда оваа идеја по Македонија. Најпрвин одржал таен собир во Солун, па оттаму отишол во Велес, каде што приврзаниците на внатрешната организација, кога дознале за неговата намера, му наредиле под закана со смртна казна, да не се осмели да ги шири овие,еретички‘ идеи. Во разговорот за оваа појава, Наумов ми го потврди сево ова за работата на Чуповски, па осудувајќи го Мисирков и неговото дело, изјави дека тие, македонските револуционери, се за политички, а не за национален сепаратизам: првиот е неодолива потреба, условена од сите околности од кои зависи ослободувањето на Македонија од турското ропство; вториот е – една глупост… Покрај изградените литературни јазици, српскиот и бугарскиот, вештачки да се создава сега и македонски, тоа, по мое мислење, е глупост.“
Бидејќи европскиот печат продолжи да ја разработува темата за маке- донскиот јазик и македонските училишта, Никола Наумов во „Македонски преглед“ од 25 јуни, под наслов „Гнасни измислици“, јавно проговори: „Некои европски и српски весници во последно време ја растурија измислицата дека внатрешната организација божем решила да го исфрли бугарскиот јазик од училиштата во Македонија и да го замени со некаков македонски, нешто како,Мисирковата каша‘, како што се изрази еден наш собрат. Тенденцијата на оваа измислица е од мошне мизерна природа – да се фрли сенка врз националното чувство на компактната бугарска маса во Македонија, која, благодарение на мрднатиот Мисирков, се убедила во својата посебна македонска народност. Изворот на оваа измислица неопходно е српски. Колку што знаеме, повод за ова дало доаѓањето во Велес на еден агент на Мисирков (името ќе му го премолчиме), со цел да ја проповеда мисирковштината, но кој уште на другиот ден бил изгонет оттаму од самата организација. На српските шовинисти им е потребна мисирковштината, што им беше и првобитниот козир во Македонија и не може да нѐ сожалуваат што Мисирков многу доцна се јавил на сцената“.
Македонизмот – австриска измислица?
Во врска со мисијата на Д. Чуповски во Македонија пишува и во дел од извештајот на Св. Ст. Симиќ од Софија од 12 август 1905 година: „Колку идеите за македонскиот политички и национален сепаратизам се непопуларни и меѓу првенците на македонските револуционери и меѓу Бугарите убаво го илустрира случајот со пријателот на познатиот на министерството Мисирков, Чуповски, свршен студент на Петроградската духовна академија. Откако партизаните на внатрешната организација му го спречиле проповедањето на идејата за македонскиот национален сепаратизам, Чуповски дошол во Софија, каде што и Македонците и Бугарите му правеле многу големи тешкотии насекаде, па и во овдешната Руска агенција. Кај г. Бахмеќев, овдешниот руски дипломатски агент, го претставиле како австриски агент, зашто, според нивното тврдење, идејата за македонскиот национален сепаратизам е австриска, та овој отпрвин не сакал да му го завери пасошот за враќање во Русија. Чуповски имал маки додека да го разубеди г. Бахмеќев и да го склони да му го даде пасошот….
Иако бугарската влада и бугарската егзархија успеаја и Револуционерната организација да ја ориентираат против Другарството, во 1904 и 1905 година тоа сепак е многу активно. Посебни грижи се вложуваа за отворање училишта на македонски јазик. За тоа често пишува и европскиот печат. Во пролетта 1905 година, и самиот претседател Димитрија Чуповски за истата цел неколку месеци крстосуваше низ Македонија. Тоа ги алармира бугарската влада и егзархијата и тие започнаа организирана хајка со клевети и терор против претставниците на Новото движење. Требаше по секоја цена да се спречи Револуционерната организација да се приклучи кон овој процес. Брзо беа најдени орудија од македонската средина. Дури и неофицијалниот орган на внатрешната организација в. „Право“, објаснувајќи ја Гледстоновата девиза „Македонија за Македонците“, јавно ја прокламира програмската доктрина на „политичкиот сепаратизам“:
„За нас јазикот на организацијата изразен во националноста е едно од најмоќните средства за култура и напредок. Тргнувајќи од тоа гледиште и уверени дека мнозинското население во Македонија е бугарско, ние го отфрламе од себеси и најмалото напомнување за некаков национален сепаратизам. Таков еден стремеж би бил спротивен на погледите на мнозинството од македонските населенија и на идејата за слобода и култура. Нешто повеќе: таков еден стремеж би бил неморален. Следствено, мнозинството од македонските населенија било, е и ќе биде бугарско…“. Таква беше националната платформа на МРО пред и во време на востанието, што наиде на критички одраз и во книгата на К. Мисирков и во активноста на Новото движење.
Академик Блаже Ристовски
Блаже Ристовски е роден во селото Гарниково, Кавадаречко, во 1931 година. Истакнат македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар. Член на Македонската академија на науките и уметностите е од 1996 година.
Основно образование завршил во родното село Гарниково, а гимназија во Кавадарци. Завршил Филолошки факултет во Скопје во 1955 година. Во 1965 година станува доктор по филолошки науки со одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – животот и делото“. Во 1965 година е избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја, каде што ги раководи Тимот за културната историја и Балканолошкото одделение. До пензионирањето е научен советник во Институтот за старословенска култура (1993 – 1995).
Основно образование завршил во родното село Гарниково, а гимназија во Кавадарци. Завршил Филолошки факултет во Скопје во 1955 година. Во 1965 година станува доктор по филолошки науки со одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – животот и делото“. Во 1965 година е избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја, каде што ги раководи Тимот за културната историја и Балканолошкото одделение. До пензионирањето е научен советник во Институтот за старословенска култура (1993 – 1995).
Како истражувач на македонската литературна, јазична и национална историја и на фолклорот во Македонија, објавил повеќе книги за развитокот на македонската културно-национална мисла и над 800 статии и други прилози во разни зборници и списанија во земјата и во странство. Научноистражувачките интереси му се движат во неколку тематски релации и ги зафаќаат спецификите на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла и акција до нејзината конечна афирмација, историјата на македонскиот писмен и литературен јазик, литературната историја и фолклорот. Посебно ги истражува и ги афирмира националните дејци од 19 и 20 век: Крсте П. Мисирков, Димитрија Д. Чуповски, Наце Д. Димов, Ѓорѓија М. Пулевски, Петар Д. Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Никола Вапцаров, Тодор Чопов и др.
Во своите трудови донесе нова документарна фактографија и научна аргументација и со аналитички и критички пристап кон изворите и литературата ѝ претстави на научната јавност низа пројави, настани и процеси и цела плејада заслужни профили од македонското културно- национално минато.
Ристовски е уредник на првата „Македонска енциклопедија“ во издание на МАНУ, која, по реакции на ДУИ и на некои македонски политичари, е повлечена од јавност, поточно инкогнито забранета за употреба.
Во првата Влада на Република Македонија по осамостојувањето од 1991, Ристовски беше избран за потпретседател.
Ристовски е уредник на првата „Македонска енциклопедија“ во издание на МАНУ, која, по реакции на ДУИ и на некои македонски политичари, е повлечена од јавност, поточно инкогнито забранета за употреба.
Во првата Влада на Република Македонија по осамостојувањето од 1991, Ристовски беше избран за потпретседател.
(крај)
Comments
Post a Comment